ТВМ еден ден на Гинеколошкото одделение во Охрид
Во моментов таму има осум бебиња, пет машки, три девојчиња. Седум од Охрид и едно од Дебар. До 2016 година се бележи пораст на наталиетот во градот, но од 2016 наваму наталитетот е во псотојано опаѓање.
Во ОО ЦК граѓаните може да донираат разни делови од покуќнина
Тие ги координираат потребите на граѓаните во социјален ризик и понудите на донаторите од мебел. Најбарани се детските креветчина, информираат од охридскиот црвен крст.
Во охридското село Куратица се одржа Курајчкиот Карневал
Со песна и шега преку различни видови маски беше одбележан празникот Василица. На шегобиен начин учесниците на карневалот прикажаа разни маски инспирани од многу теми, а не изостанаа секако и политичките случувања во земјава.
Земјава минатата година бележи поголем број на посети и ноќевања од туристи
До месец ноември мината година скоро 20 проценти повеќе дошле странски туристи во споредба со истиот период во 2018. Во благ пораст се и домашните гости. И додека странците оствариле повеќе ноќевања кај домашните гости се бележи пад, покажуваат статистичките податоци на Државниот завод за статистика.
Традиционална крводарителска акција „Водици 2020“
Во рамки на активностите од Програмата за одбелжување на Големиот православен празник „Богојавление Водици“ во Охрид, во недела, на 19-ти јануари 2020 година, охридскиот Црвен крст ќе ја организира традиционалната крводарителна акција „Водици 2020“.
13 возачи управувале возило под дејство на алкохол
Наместо со блокатори ЈП „Билјанини Извори“ неплаќањето на паркинг ќе го санкционира со платен налог
ЈП „Билјанини Извори“ од Охрид наместо со блокатори од 20 јануари, 2020 година неплаќањето на паркинг во А и Б зона како и истекувањето на гребна карта ќе го санкционира со поставување на Платен налог на вашето возило.
Пецаков: Докажавме дека постои надеж и пркос, дека веруваме во себе и во победа за светла иднина
Власта во Охрид доби жестока изборна шлаканица од охриѓани затоа што им е доста од изневерени очекувања и неисполнети ветувања, кажа денеска на прес конференција Кандидатот за Градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“, Кирил Пецаков. Тој потенцира дека сите во Охрид недвосмислено ја давале поддршката за ВМРО-ДПМНЕ и оттаму е победата со голема разлика во првиот круг. Им порача на охриѓани да немаат сомнеж дека по две недели резултатот може да биде поинаков освен победа.
