Skip to main content
Окт 19, 2021

Од НУ „Завод и музеј Охрид“ информираат дека во музејот Куќата на Робевци е изложена 3Д макета на античка гробница од Македонски тип која е откриена на локалитетот Караѓулевци, веднаш до античкиот театар во Охрид. Макетата е изработена на 3Д печатач од страна на Кирил Денковски, а за ликовното обликување е заслужен Диме Солаковски.


Јан 13, 2020

Со цел да се превенира загадувањето на воздухот и зголемената концентрација на ПМ честичките во амбиенталниот воздух, Општина Охрид апелира до граѓаните да се воздржат од палењето на традиционалните василичарски огнови на отворено.


Јан 10, 2020

Општина Охрид години наназад ги наградува граѓаните кои ги уредуваат своите дворови во духот на новогодишните празници. Гигерови паричната награда ќе ја даруваат во хумани цели.


Јан 9, 2020

Во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП), финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка, Општина Охрид доби изработена комплетна техничка документација за реконструкција на улиците „Гоце Делчев“, „Ѓорче Петров“ и „Кленоец“.


Јан 9, 2020

По налог на општина Охрид, а согласно сообраќајниот проект за регулирање  на сообраќајот во централното градско подрачје,  изграден е нов кружен тек меѓу улиците „Јане Сандански“ и „Партизанска“ во непосредна близина на „Комерцијална Банка“.


Јан 9, 2020

Се планира нова  зграда на местото од стариот објект на ОУ Григор Прличев. Во тек е изработка и на проект  за надградба на зградата на централната градинка. Локалната ќе инвестира и во реновирање на училишните тоалети во сите општински училишта.


Јан 9, 2020

Се прават завршни подготовки за дочек  на гостите кои од година во година во се поголем број  се дел од  карневалот кој  е вековна традиција на вевчанци. Завршено е поплочувањето на  уличките со камени плочи, набавена е нова механизација за чистење снегот, а завршени се и градежните работи на мултифункционалната зграда. 


Јан 8, 2020

Годинава се одбележува јубилеј 3 децении од масовната организација на градското пристаниште. На Богојавленскиот водосвет се очекуваат голем број гости. Хотелиерите и годинава ги намалија цените на сместувачките капацитети, а новина е што за проследување на манифестацијата ќе има обезбеден простор за лицата со посебни потреби.