Авг 15, 2025
ЈП „Градски Пазар“ издава локација на Плоштад Крушевска Република за подвижна урбана опрема за продажба на храна
Пријавите да се достават најдоцна до 18.08.2025 год. до 11.00 часот.
Авг 14, 2025
Мицкоски: Овој месец ќе започне изградбата на колекторски систем во Трпејца
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се гради колекторскиот систем во Трпејца во Општина Охрид, рече дека во втората половина на август започнува фирмата изведувач со работа.
Авг 14, 2025
„Вечер на Живко Чинго“ во Велгошти
По традиција беше врачена истоимената награда на авторката Дијана Петрова чиј расказ „Мизанабим” беше избран за најдобар по претходно распишан Конкурс на Општина Охрид.
Авг 14, 2025
Изградбата на автопатот Кичево Охрид тече со засилена динамика
Ниту едно село и населено место нема да остане отсечено, смируваат надлежните по полаките на жителите на општина Дебрца кои со изградбата на автопатот Охрид Кичево немаат пристапен пат. Изградбата на автопатот Кичево Охрид тече со засилена динамика. Крајниот рок останува крајот на идната година.
Авг 13, 2025
Ohrid Water festival по трет пат ќе ги спои водените спортови, еколошката едукација, музиката и гастрономската понуда од охридското поднебје
Охрид од 16 до 30 август ќе биде центар на водените спортови, забавата и еколошка едукација во рамки на третото издание на Ohrid water festival. Охридскиот фестивал на водени спортови и годинава ќе понуди богата програма со возбудливи спортски настани, славење и промоција на убавините на Охридското езеро и забава во која ќе уживаат охриѓани и гостите од сите генерации.
Авг 13, 2025
Во земјава не е направена ниту една трансплантација на срце кај лица со механичка пумпа
Стружанецот Васко Јолески пет години живее со механичка пумпа на срце и чека трансплантација. Во земјава досега не е извршена ниту една трансплантација кај пациенти со циркулаторна потпора, но повеќе од една година не е извршени трансплантација на срце воопшто. Пациентите бараат надлежните да се заложат и да дадат жанса за живот на 30 тината млади лица на листата на чекање.
Авг 13, 2025
Албански државјанин се обидел да прокриумчари 21 килограм свежа пастрмка
Од почетокот на годинава, Царинската управа спречи обиди за шверц на над 4 тони храна, меѓу која најмногу маслиново масло – 560 литри и 3,7 тони овошје и зеленчук.
Авг 12, 2025
Големи загуби на медните приноси во охридскиот регион
Минимални приноси, високи цени, намалена продажба на природен мед. Пчеларите од охридско велат опстојуваат на работ на рентабилност, потребна е поголема поддршка.