Непрооден патот преку Галичица
Од Националниот парк „Галичица“ попладнево информираа дека поради снежен намет, патот преку Галичица е непрооден.
Се издаваат маркици и дозволи за градење а никој не мисли на пристапни патишта
43 семејства од станбена зграда во центарот на Охрид oд денеска не можат нормално да функционираат затоа што им е блокиран пристапот до нивните домови. На просторот каде што досега поминувале се гради нова зграда а од патот кој е превиден со ДУП 20 години нема ништо затоа што минува низ парцели во приватна сопственост.
„ГАСТРО МАК“ ОД 10-ТИ ДО 14-ТИ ОКТОМВРИ ВО ОХРИД
Под мотото „Don’t Worry, Be Ohrid!” од 10-ти до 14-ти октомври, Охрид ќе биде домаќин на ;етвртиот Интернационален гастрономски натпревар – „Гастро Мак”.
Зголемено производство и подобар пласман на пазарите имаат компаниите кои добиле средства од ИПАРД програмите
Такво позитивно искуство споделуваат од месната индустрија Билјанови од Струга. Процесот на апликација е долготраен, но дава резултати во модернизација на производството и достигнување на светските стандарди во производството. Домашните компании се повеќе ги користат мерките од ИПАРД програмите.
Општина Струга објави Јавен повик за евидентирање на невработени лица
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Струга, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Швајцарската агенција за развој и за соработка, на ден 23.08.2019 година, Општина Струга објави јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа за проект “Социјални услуги за ранливи категории на граѓани”.
„Медена земја“ на 4-ти и 5-ти октомври пред охриѓани
Најнаградуваниот македонски документарец, што со победа во три категории на почетокот на годинава триумфираше на престижниот филмски фестивал „Санденс“, „Медена земја“ (Honeyland), на 4-ти и 5-ти октомвриќе се прикажува во Охрид.
Успех на охридската тенисерка Стојаноска
Ана Стојановска од Тениски клуб Охрид го освои првото место на Отвореното првенство на Северна Македонија за јуниорки до 14 години кое се одржа на терените на ТК Југ во Скопје од 28 – 30 Септември.
Јованоски : Да избереме Совет кој ќе ги става интересите на градот над сите други интереси
Гласот за Градоначалник мора да оди заедно со гласот за советничката листа, порача носителот на советничката листа од редовите на СДСМ и коалицијата Најдоброто за мојата општина. Јованоски напомена колку помалку советници добијат останатите советнички листи, толку повеќе Советот ќе биде растеретен од притисоци.