Со музиката сме поблиски
Холандски и Македонски музичари на музички план ќе ги приближуваат културите на двете земји.
VIP превоз за само 2 денари
Превоз за само 2 денари од центарот на градот до Градиште со ВИП.
Тунтев: Сегашниот здравствен систем во Македонија не ги лечи луѓето… ги разболува
Состојбите во охридското здравство се катастрофални, а тоа посебно важи за охридската Општа болница. Условите во охридската болница се очајни, поразителни и под секакво човечко достоинство, како за пациентите, така и за медицинскиот персонал. Болницата е претворена во партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ, каде што нестручни и несовесни кадри од власта секојдневно практикуваат партиско осветољубие и реваншизам врз политичките неистомисленици, обвини денеска на прес конференција, Томислав Тунтев , кандидат за пратеник од СДСМ. Сегашниот здравствен систем во Македонија не ги лечи луѓето… ги разболува!- кажа Тунтев и представи дел од мерките од Програмата за живот во македонија од сферата во здравството.
Денес во Проаква се дели плата
Вработените на МЈП Проаква веќе 4 месеци одат на работа без пари.
„Да се заштитиме од кражби“ – проект на СВР Охрид
СВР Охрид, ќе ги информира граѓаните како да се заштитат од кражби.
Василески: Охрид до 2020 година со Скопје ќе биде поврзан со модерен и сигурен автопат
ВМРО ДПМНЕ и во следниот мандат ќе се посвети на изградба на квалитетна инфраструктура за подобрување на животот на граѓаните и на економските перспективи на државата.
Светската економска криза го зеде својот данок во туризмот
Проблеми со водоснабудвањето во стариот дел
При првиот бран на гости во Охрид, жителите од стариот дел на градов останаа без вода.