Skip to main content
Окт 18, 2021

Се подобруваат условите во охридското здравство. Целта на проектот „Харт сејв ситис”, кој изминативе две години се реализира во Охрид е зголемување на бројот на ефикасни интервенции во случаи на вонболнички инциденти на срцеви удари и да се спасат животите на пациентите.


Дек 30, 2019

На 27-ми декември 2019 година стратуваа податоците од ЕУ ПРОЕКТОТ AIRTHINGS за следење на квалитетот на амбиентниот воздух во Охрид. Поставени се 11 станични сензори, а три станични сензори комуникациски ќе се релогираат по нова година (на локациите во ОУ „Св.Климент Охридски“, Спортска сала„ Атина Бојаџи“ и ОУ „Христо Узунов“).


Дек 30, 2019

Започна изградбата на атмосферска канализација на улица „15-ти Корпус“ на потегот од Здружение на возачи до влезот на село Лескоец.


Дек 30, 2019

Екипи на ЈП „Градски Гробишта“ деновиве спроведоа акција  на ископување и уредување  на канали за одведување  отпадни води во село Куратица.


Дек 30, 2019

Викендов во Охрид нуркачите од клубот „Акватек“ спроведоа подводна еколошки активности на делови од дното на Охридското езеро. Членовите на нуркачкиот клуб облечени како дедомразовци од езерото извадија гуми од автомобили и камиони, лименки од пијалоци и пластични шишиња, кои ги лоцираа при нивните предходни рутински нуркања.


Дек 27, 2019

Голем удел во тој дел имаат туристичките објекти од охридско-струшкото крајбрежје.Хотелиерите од регионов очекуваат во 2020  приливот на средства од туризмот да порасне и до 10 проценти повќе во споредба со оваа година на заминување.   


Дек 27, 2019

Прекинот беше неколкумесечен заради реновирање на магацинскиот  простор. Луѓето од ранливите групи најчесто имаат потреба од зимска облека и обувки.


Фев 17, 2022

Во Охрид најмногу се искористени средства за самовработување во услужните дејности. Охрид и Струга имаат најмала стапка на невработеност по градови во земјава, кажа директорот на Републичката Агенција за вработување кој дојде во работна посета на двете општини.