ВО ПАРИЗ ПРЕЗЕНТИРАН ПРВИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПРЕПОРАКИТЕ ОД УНЕСКО
Првиот извештај за напредок по однос на препораките од последната сесија на Комитетот на светско и природно наследство, државната делегација во која е и градоначалникот Константин Георгиески, го презентира денеска во седиштето на УНЕСКО од Париз, Франција.
Промовирана книгата „Сага за Охрид 2“ на Валентина Нелоска
„Забораваме ако можеме, а се сеќаваме ако сакаме“ вели авторот на книгата Сага за Охрид 2, Валентина Нелоска. Промоцијата на продолжението на сагата за белиот град ја доживеа својата промоција во Струга во склоп на одбележувањето на 75 години Матична библиотека и 60 години Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга.
АД ЕСМ изврши порибување на Охридското Езеро со подмладок јагула
За набавка на подмладокот на јагулата распишан е тендер согласно законските прописи, во вредност од 7 милиони денари. Со порибувањето ќе се подобри фондот на живиот свет во езерото, како и самиот екосистем на езерото, велат од компанијата.
КУД „Дримкол” од Вевчани културен амбасадор во Турција
КУД „Дримкол” од Вевчани, овие денови македонскиот фолклор и традиција ги презентира во градот Сафранболу, Р.Турција во рамки на проектот: Денови на Македонската култура во Турција, поддржан од министерството за култура како дел од националната програма за 2019 година.
Започнува втората сезона од дебатната емисија „Прашалник“ со моментално најжешката тема
„Уривање на дивоградбите во Охрид” најжешката тема за старт за на втората сезона од дебатната емисија „Прашалник“ со Соња Рилковска.
Охридските фудбалери утре против ФК Лабуништа ќе ги бркаат првите бодови
Охридските фудбалери во шестата рунда од Втората македонска фудбалска лига запад во локалното дерби ќе се сретнат со составот на Лабуништа. Од ФК Лихнидос велат дека владее позитивна атмосфера и одат на освојување на првите бодови.
РК Охрид утре на домашен терен против Радовиш
Утре охридските ракометари го пречекуваат Радовиш. Иако се фаворити велат дека ќе играат без потценување на противникот кој во летниот период се засили и игра добро во одбрана.
Силјаноски ветува подобри услови за живот и економски просперитет за Дебрца
Сашо Силјаноски, кандидатот за градоначалник на општина Дебрца од редовите на Вмро Дпмне ја бара поддршката на Дебрчани со неговата визија за развој на општината. Најави проекти со кои ќе се подобрат условите за живот и ќе имаат економски просперитет за општината.