ЈП Градски гробишта ја доби Б лиценцата за изведување на градежни работи
Од Министерството за транспорт и врски е издадена дозволата со која сега може да се изведуваат бројни градежни зафати како што важат за сите ГП. Тоа не значи дека ова претпријатие ќе гради и згради, вели директорот Ванчо Костески.
Охриѓанец ја нападнал сопругата на ул. „Кленоец“
На 17.10.2021 година околу 23 часот, на улицата „Кленоец” во Охрид, Р.С. од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со викање и агресивно однесување кон неговата сопруга.
Димче Коруноски е добитник на сребрен медал на Меѓународна изложба во Котор
Ова е втора Меѓународна награда за охридскиот фотограф аматер во оваа година. Охрид има бројни талетирани аматери фотографи кои се интересираат за уметничката фотографија, но клубот мака мачи со години за да добие соодветен простор за работа, вели Коруноски претседател на ФК Охрид.
Илинка Ристеска од Горно Лакочереј тешко е подвижна, а боледува од најраното детство
Покрај 12 -те најразлични операции кои ги имала во текот на животот најтешко и паѓа самотијата. Трошната и влажна куќарка нема кој да и ја поправи и вароса. Вели за неа и празниците и делниците се исти. Единствена помош и се волонтерите од Црвен крст и двете најблиски сосетки кои се грижат за барем малку да и го олеснат тешкиот живот.
Во Охрид нема регистрирани лица заразени од жолтица
Во Охрид нема регистрирани лица заразени од жолтица.Но, откако во Скопје во изминативе три месеци речиси секојдневно има по некое ново лице заразено од ова заболување, вработените од охридскиот Центарот за јавно здравје ги зголемија мерките на претпазливост. Апелираат да се зголеми хигиената во сите училишта и предучилишни установи.
Поради административни пречки доцни изградбата на новата болница во Струга
Поради административни пречки доцни изградбата на новата болница во Струга. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека тие се надминати, постапката е во тек и веднаш кога општината ќе го одобри планот ќе се започне со проектирање на новата општа болница.
Охридскиот народен театар повторно пред публиката со претставата „Хотел ни на небо, ни на земја“
Охридскиот Народен Театар овој пето повторно ја поставува новата претстава „Хотел ни на небо ни на земја”, работена според текст на Ерик Емануел Шмит, а во режија на Љупчо Ѓоргиевски.
ОПШТИНА ОХРИД ОРГАНИЗИРА ЗАЕДНИЧКИ ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА
На Градскиот плоштад и оваа година ќе биде организиран заеднички дочек на Новата година. За забавата ќе се погрижат охридските музичари Ѓоко Танески, бендот Камелеон и Ефто Пупиноски.