Skip to main content
Дек 9, 2019

Во рамки на чествувањата посветени на Св. Климент- Патрон на Охрид во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ се одржа традиционалната изложба на Фото клуб – Охрид.


Дек 6, 2019

Студентите апелираат до надлежните органи да им излезат во пресрет и, како што велат,  да не им кројат кобна судбина на 400 студенти со прифаќањето на овој предлог закон. Доколку не биде прифатено нивното барање за отфрлање на предлог законот информираат дека ќе бидат приморани да излезат на масовни протести.


Дек 6, 2019

Градскиот ракометен клуб Охрид  последниот натпревар во 2019та година го игра утре против Вардар Јуниор. Гладијаторите најавуваат победа со која ќе имаат серија од 13 натпревари без пораз. Тренерот Раде Стојановиќ вели дека со овој натпревар ГРК Охрид заокружува еден одличен период.


Окт 17, 2021

Имавме позитивна кампања, мирна пред се. Охриѓани имаа можност да ги видат нашите програми и визија за иднината на Охрид. – истакна кандидатот за Градоначалник на Охрид од СДСМ и Коалицијата, Константин Георгиески.


Дек 6, 2019

Со организацијата на саемот насловен „Дарувај од срце“ во гимназијата „Св. Климент Охридски“, се заокружуваат активностите посветени на одбележувањето на патрониот празник на ова средно училиште.


Дек 5, 2019

Во општата болница во Охрид денеска беше отворен вториот регионален центар за рехабилитација, едукација и сензорна интеграција наменет за ран третман на деца со аутизам и Аспергеров синдром. На настанот беа присутни министерот за зравство на Македонија Венко Филипче, неговиот бугарски колега  Кирил Ананиев, првата дама  Елизабета Георгиевска Пендаровска, претставници на дипломатскиот кор и други гости.Носител на проектот е Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „ВО МОЈОТ СВЕТ“ асе реализира со поддршка на министерството за здравство и амбасадите на Република Бугарија и Република Чешка во Скопје.


Дек 5, 2019

Во пресрет на премиерата на филмот „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски, а поради преголемата заинтересираност за билети, донесена е одлука да се одржи и втора проекција на филмот.


Дек 5, 2019

Охридската библиотека со низа настани ќе го одбележи празникот посветен на заштитникот на Охрид, Св. Климент Охридски.