Skip to main content
Ное 27, 2019

Охридските и струшките хотелиери нудат сместување за настраданите во земјотресот во соседна Албанија.


Ное 27, 2019

Нова премиера на Охридскиот народен театар. Хотел ни на небо ни на земја, во режија на Љупчо Ѓоргиески е престава каја е метафизичка неизвесност помеѓу сонот и стварноста, помеѓу комичното и трагичното, во потрага по смислата на постоењето и животот. Во преставата учествува повеќебројна актерска екипа, главно сочинета од охридските глумци, но има и надворешни соработници.


Ное 27, 2019

Екипи на одделението за изградба, одржување и реконструкција на локални патишта и улици при ЈП „Нискоградба“ деновиве работат на поплочување со бехатонски плочи на крак од улица „Сатеска“, а се нивелираат и шахти на булевар „АСНОМ“.


Ное 27, 2019

Екипи на „Паркови и зеленило “ при Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ денес засадуваат  цветен саден материјал од зимската реколта на  кружните текови  во близина на гимназијата и кај Охридска Банка каде хортикултурно се уредува и жардинеријата. Утре со цвеќе ќе се разубавуваат и останатите кружни текови.  Се засадуваат цвеќиња од типот viola (очиња ) од сопствено производство.


Окт 17, 2021

Мирно и без проблеми се одвива гласањето на сите избирачки места во Охрид.


Ное 27, 2019

НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид / Народен Театар Охрид, викендов пред охридфската публика ќе ја постави претставата,„Хотел ни на небо ни на земја”. Претставата е работена според делото на Ерик-Емануел Шмит. Режијата е на Љупчо Ѓоргиевски.


Ное 26, 2019

Земјотресот кој утрово ја погоди соседна Албанија, силно ги вознемири охриѓани. Тие стравуваат од нови потреси. Во Центарот за управување со кризи засега нема пријави од граѓани за евентуални штети предизвикани од земјотресот во Охридскиот регион и околината.


Ное 26, 2019

Свикана триесет и петтата седница на Советот на општина Охрид на ден 29.11.2019 година петок со почеток во 11:00 часот.