Skip to main content
Сеп 6, 2019

Есенва на територија на Општина охрид ќе се изведуваат градежни и инфраструктурни зафати чија вкупна проценета вредност е  близу 66 милиони денари, најави Градоначалникот Георгиески. Денеска започна реконструкцијата на улицата АСНОМ. Тендерските постапки за проектите дел се завршен а дел се при крај.


Сеп 6, 2019

Времето до започнување на акцијата за рушење на дивоградбите се брои во денови. Рушење ќе има, категоричен Градоначалникот Георгиески. На сопствениците на објекти кои добиле решенија за рушење им порача час поскоро да почнат сами со отстранување. А на угостителите им најави инспекција не само за платформите туку и за терасите и целокупните објекти на крајбрежјето.


Сеп 5, 2019

Со положување цвеќе пред спомен обележјето на жртвите на кеј Македонија, денеска  беше одбележана десетгодишнината од бродската несреќа што се случи во Охридското Езеро, кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 туристи од Република Бугарија.


Јан 14, 2022

Во болниците моментално лежат 340 болни од ковид 19, од кои 19% се вакцинирани, а 81% не се вакцинирани, соопшти Министерството за здравство.


Сеп 5, 2019

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност во МВР, во соработка со СВР Охрид и Одделот за специјални полициски операции, а во координација со Основното јавно обвинителство Струга, сузби криминална група која се занимавала со набавка и продажба на марихуана во Струга, Охрид, Битола, Велес и Тетово


Окт 12, 2021

Охрид треба да биде најбогат град во Македонија, а не град од кој се иселуваат луѓето. Нема да си одиме од дома, решивме да се бориме за Македонија, а Охрид е прв во битката, порача на синоќешниот митинг во населбата Видобишта, кандидатот за Градоначалник на Охрид од ТМРО, Гоце Цветковски. Вети домаќинско и чесно работење за решавање на основните проблеми на граѓаните и Охрид да стане еколошки туристички центар преку целата година. 


Сеп 5, 2019

Наша основна определба беше и е да се фокусираме на подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните во општината и во тој контекст со средства од Буџетот на државата, ЕУ фондовите, буџетот на општината и други расположливи извори да инвестираме во капитални инфраструктурни проекти.


Сеп 5, 2019

Национална установа Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид / Народен театар Охрид гостуваат во Скопје на фестивалот “Гола Месечина” кој е во организација на Театар Комедија од Скопје, во САБОТА, 7-ми септември со почеток од 20.00 часот, со преставата „Каде е пиштолот?“ од унгарски автор Габор Ѓоргеј во режија на Дејана Николовска.