Од понеделник во НУ Библиотека „Григор Прличев“ летна шема
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 10 јуни до 30 август годинава ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот.
Во терминот од 08:30 до 16.00 часот читателите ќе можат да позајмат нови и да ги вратат веќе прочитаните книги.
Свечено отворање на иновативен хаб во рамките на Факултетот за туризам и угостителство- Охрид
Станува збор за презентација на јавниот повик за финансирање на проекти за новоосновани трговски друшта „Старт-ап„ и „Спин-оф“, од југозападниот регион.
Се засадува летната реколта цветен насад
Деновиве во градскиот парк, зелените острови кај кружните текови и зелените делови покрај пешачките патеки до Горица и покрај каналот Студенчишта, се засадува летната цветна реколта.
Се бара најефикасно, најекономично и најеколошко решение за изградба на марина на Охридското езеро
Копјата повторно се кршеа меѓу стручната фела, екологистите и сопствениците на пловни објекти. Капетанот на Капетанија на Пристаништата на РМ даде конструктивно решение, марината да се изгради на потегот на Центарот за обука на вода и Комуналец каде што со најстроги стандарди ќе биде заштитено Езерото и ќе се ревитализира и Студенчишко блато.
Георгиески : „Градски парк Касарна“, современи голф терени, адреналински парк со забавни содржини за деца и возрасни
Нов атрактивен комплекс „Градски парк Касарна“ уреден како зелено подрачје со спортска зона со соодветна инфраструктура, најави на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Константин Георгиески. Ново зелено подрачје, пешачки патеки, адреналински парк, памп патека за велосипеди, ролери и скејтери, уредување на современ голф терен, како и нова трим патека, наброја Георгиески како дел од содржините планирани за просторот од поранешната касарна.
„Вдиши театар“ по 6ти пат ќе ги обедини младите од регионов
Меѓународниот фестивал „Вдиши театар“ по 6ти пат ќе ги обедини младите од регионов кои преку претстави ќе испратат силна порака заснована на хуманост, морал и високи етички вредности. Фестивалот на 12ти јуни ќе биде отворен со претставата Домино на театарската група при Црвен крст Охрид. Учество ќе земат групи од организации на Црвен Крст од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.
Десет години „Живот со предизвици“
Со три конференции, насочени кон размена на искуства и знаење за подобрување на квалитет на живот на семејствата кои се соочуваат со ретки болести, Здружението „Живот со предизвици“ викендов ќе одбележи 10 години од постоењето и делувањето на полето на застапување за правата на пациентите со ретки болести.
Виолета Петковска од ОУ„Кочо Рацин“ е носител на сертификат за најдобар учител
Професорката по одделенска настава со својата креативност и посветеност е добитник на голем број меѓународни и државни награди за проекти, стручни трудови, едукативни филмови. Насмеаните детски лица на нејзините ученици се мотив постојано да трага по креативни решенија во наставата и да го подига степенот на квалитет во образованието.