Skip to main content
Окт 1, 2021

Забрзување на постапката за отворање на регионална депонија за отпадот и затворање на депонијата Буково се приоритет на кандидатите за советници и кандидатот за градоначалник од редовите на Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ. Ова денеска го потенцира кандидатот за советник Ванчо Костоски. На прес конференцијата тој говореше за мерките и проектите за управувањето со отпадот во Општина Охрид и заштита на животната средина.


Апр 3, 2019

Продажбата на полиси во осигурителните компании оди во нагорна линија. Расте интересот кај  охриѓани за рaзни видови неживотно осигурување. Граѓаните и компаниите стануваат свесни дека осигурувањето треба да е составен дел од животот. На охридскиот пазар со осигурувања  Компанијата Сава осигурување АД Скопје  сега поблиску до граѓаните на нова локација на Булевар Туристичка.


Апр 3, 2019

„Како прво, ја поздравувам оваа одлука, сѐ што може да се реши со договор го поздравувам, но за нештата да станат појасни морам да направам краток осврт на излагањето на в.д. градоначалникот“, кажа денес на прес конференција кандидатот за градоначалник од редовите на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, Михаил Трендафилов Нанче.


Апр 3, 2019

Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиевски синоќа присуствуваше на отворањето на културниот детски фестивал „Децата на Бугарија пеат и играат во Охрид “ што се одржа во НУЦК „Григор Прличев“. Целта на настанот е да се зајакнат пријателските односи и соработката во областа на културата меѓу  Република Северна Македонија и Бугарија.


Апр 3, 2019

На овој план благодарение на Владата веќе започна решавањето на проблемот со колекторскиот систем преку Формирање на ново Јавно претпријатие кое ќе ги преземе обврските за одржување, обновување и продолжување на Колекторскиот систем.


Апр 3, 2019

Мнозинството советници го усвои  извештајот за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски на општина Охрид. Со тоа започнува процесот на раздолжување на општината и   намалување на вкупниот долг за над 15 милиони евра.  


Апр 2, 2019

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и кандидатот  за градоначалник на Охрид, Митре Милошевски денес се сретнаа со туристичките работници. Зголемениот криминал, застојот во градежните активности на автопатот кон Кичево, според Мицкоски се основната кочница во развојот на туризмот во Охрид.


Апр 2, 2019

За мене политиката е одговорност и натпревар на идеи каде проектите ќе бидат остварени потпирајќи се на принципите на чесност, посветеност и одговорност. Охрид мора да е убав и во него да се живее убаво рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО ДПМНЕ, др Митре Милошевски.