Skip to main content
Фев 27, 2026
општина охрид
Делегација на Општина Охрид, положи свежо цвеќе и се поклони пред спомен обележјето  кај родната куќа на гемиџијата, охриѓанецот Марко Бошњаков, а по повод 118 години од неговата смрт.

Фев 27, 2026
Одлуката ја донесе Советот на Општина Охрид на последната седма седница.

Фев 27, 2026
Иницијативата е на Управниот одбор на Градски пазар. Советниците од опозицијата изразија сомнеж во исправноста на ваквата постапка во поглед на економската оправданост. Секретарот на општина Охрид, отенцираше дека треба да се почекаат анализите и повторно да се донесе одлука на Совет која ќе биде поволна за ЈП, вработените и за граѓаните во поглед на услугите кои новото јавно претпријатие ќе ги дава.


Фев 27, 2026
Оваа одлука ја донесе Советот на Општина Охрид со мнозинство гласови на денешната седма седница. Со одлуката се менува цената донесена во 2004 година, со што практично се врши усогласување со економските услови и покачените трошоци за живот.

Фев 27, 2026
Охриѓанецот, гемиџијата Марко Бошњаков беше еден од неколкумината кои ги преживеаа Солунските атентати изведени од групата млади македонски патриоти наречени солунски атентатори. Тој беше заробен од аскерот во Солун и осуден на смрт. Смртната казна му беше заменета со доживотна робија што ја отслужуваше во тогашниот злогласен затвор Музрул во Африка, каде и умре на 27 февруари 1908 година, само неколку месеци пред да се прогласи амнестијата од страна на Младотурците.

Фев 27, 2026
ретки болести
Клипел–Флеиловиот синдром, познат и како синдром на цервикална фузија на пршлените, е ретка конгенитална состојба која се карактеризира со абнормална фузија на која било од седумте коски на вратот (вратни пршлени). Може да резултира со ограничена способност за движење и краткост на вратот. Болеста е присутна и се дијагностицира при раѓање, со исклучок на поблаги случаи каде се дијагностицира подоцна при пројавување или влошување на симптомите. Повеќето луѓе имаат само еден или два од тие симптоми кои не се забележливи без медицинска слика.

Фев 27, 2026
православен календар
Спомен на Свети Кирил, учител словенски