Skip to main content
Авг 9, 2019

Ќе се гради локална патна мрежа во Охрид, Дебрца, Струга. Техничката документација е за некои готова, а за некои е во тек. Се очекува работите да отпочнат на терен.


Авг 9, 2019

Унијата на млади сили на ВМРОДПМНЕ, во чест на одбележувањето на Интернационалниот ден на младите ќе доделува оброци на бездомните лице. Станува збор за реализација на на акцијата „Ретвитни оброк“, која започнува токму од Охрид, а на која ќе се приклучат претставниците на Општинските комитети на ВМРО ДПМНЕ и од останатите градови.


Авг 9, 2019

Заради подобрување на условите во кои се даваат примарните здравствени услуги Министерство за здравство спроведува и јавна набавка на нови болнички кревети и телевизори во болничките соби. Со реновирањето на здравствените установи низ целата држава, на медицинскиот персонал ќе им овозможиме подобри услови за работа, но и подобри и подостоинствени услови на пациентите за престој во болница.


Авг 9, 2019

„Парче душа“ е избор на поезија која актерот Љупшо Тодоровски Упа ширум Македонија ја рецитира веќе подолго време.  Намерата на Тодоровски е оваа запоставената област на актерско и сценско изразување рецитирањето повторно да си го завземе своето место, да ја поврати публиката и состојбите на душата што рецитирањето ги предизвикува.


Авг 8, 2019

Тоа го одлучија мнозинството охридски советници. Општина Охрид го изготви акцискиот план во кој се опфатени сите постапки и активнсоти со кои ќе се исполнат препораките на Комитетот на светско културно наследство . Советниците од опозицијата беа конструктивни со став дека за доброто на Охрид мора од некаде да се почне.


Окт 11, 2021

На 10/11.10.2021 година во периодот од 23 до 04 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени акциски сообраќајни контроли при што санкционирани се 10 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол (Охрид-06, Струга-01, Кичево-02, Дебар-01).


Авг 8, 2019

Во организација на Општина Охрид, Сектор за туризам и ЛЕР и оваа година ќе се одржат манифестациите: „Вино и сирење“, „Денови на мед“ и „Охрид крафт експо” во период од 9 до 16 август на плоштадот Крушевска Република. Посетителите на овие манифестации ќе имаат можност повеќе да се запознаат со локалните производи од ова поднебје.


Авг 7, 2019

 Расказот под шифра 11 е  победник меѓу 40 – те пристигнати раскази. Добивме убаво виножито  од раскажи, кои се доказ дека има напредок во развојот на македонскиот расказ, а ќе не радува фактот ако на анонимниот конкурс добиме ново име кое ќе го гради својот литературен пат, кажаа членовите на жирито.