Skip to main content
Мај 24, 2019

Во охридскиот регион има потреба од подигање на расадник со  автохтони охридски сорти црешна. Расадникот ќе ја гарантира автохтоноста на сортите и ќе го овозможи пласманот на западноевропскиот пазар. Младите овоштари засега  не се свесни каква можност за заработка пропуштаат, велат поискусните производители на црешна охридска црна и долгашишка. 


Мај 24, 2019

На дневен ред на ова издание на седницата на советот, ќе се најдат извештаите за реализација на програмите за равој на туризам, локален економски развој, изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид, за изградба и реконструкција на локални патишта и улици и друго.


Мај 24, 2019

Љубителите на пишаниот збор и приказните за Охрид, повторно може да уживаат во расказите, за луѓето и местата, кои својата приказна ја вткале во историјата, традицијата и постоењето на Балканскиот Ерусалим. Авторот Валентина Нелоска, ни го подари продолжението на нејзиното прво пишано дело, „Сагата за Охрид“, преполно со уште поинтересни прикзани.


Мај 23, 2019

Корисниците за социјална помош, постојана парична помош и невработените се излажани, упатија обвинување од ОК Вмро Дпмне до СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески на денешната прес конференција. 


Мар 1, 2022

На 28.02.2022 година, при извршена сообраќајна контрола од 12 до 16 часот, полициските службеници во Охрид контролирале 15 автобуси, при што не регистрирале неисправности и недостатоци во опремата.


Мај 23, 2019

Пријавени се над 150 учесници. Ќе се трча низ одредени места во НП Галичица на 60 и 35 километри. На трката од 35 км ќе се приклучи и охридскиот градоначалник Георгиески. 


Мај 23, 2019

Поетски творби, музички таленти и кратка театарска имрповизација, беа само дел од програмата на која средношколците неуморно работеа под менторство на своите професори изминатиов месец. Најдобрите средношколци, наградени од менаџментот на установата.


Мај 23, 2019

Една од препораките во извештајот кои ги добивме од УНЕСКО кој треба да биде разгледан на 43-та сесија на Комитетот за културно наследство што ќе се одржи наредниот месец во Баку, беше и внимателно набљудвање на автентичноста и интегритетот, на архитектонското и урбанистичката кохерентност на Охрид.