Skip to main content
Јул 31, 2019

За да се одлага во езерото толкава количина габаритен отшад потребна е организација , луѓе и пловни објекти. Тоа е диверзантска акција велат нуркачите. Инспекторите да си ја вршат работата а луѓето да бидат совесни , ако не се гледа под вода не значи дека ѓубрето исчезнало засекогаш, велат охридските нуркачи.


Окт 11, 2021

Во Прилеп синоќа почна одбележувањето на 11 Октомври – Ден на народното востание и 80-годишнината од овој настан кога во 1941 година беше означен почетокот на народно-ослободителната војна.


Јул 31, 2019

Покрај со вода од резервоарот , со дополнителни количини од оспособената пумпа на бушотина , од МЈП Проаква планираат да го стабилизираат снабдувањето со вода за пиење селото Долно Лакочереј. Но паралелно екипи на претпријатието ќе бидат на терен да спречат диви приклучоци и злоупотреби, вели директорот Алексијоски. Тој денеска на прес конференција се осврна на состојбите во јавното претпријати по обвинувањата упатени на негова адреса на вчерашниот прес на ОК на ВМРО ДПМНЕ.


Јул 31, 2019

Една од локациите е на Мауцкер каде што ќе бидат згрижени бездомни кучиња од општина Охрид , Струга , Дебрца и Вевчани. Функционирањето на шелтер центрите е скапа инвестиција па затоа општините на овој начин ќе ги намалат трошоците со финансиска поддршка  од Европската унија, а имплементиран од УНДП. 


Јул 31, 2019

Од СВР Охрид информираат дека вчера во 15,34 часот во  било пријавено дека во с.Љубаништа, охридско паднал параглајдерист.


Јул 31, 2019

Со повеќе свечености, општина Охрид ќе го одбележи претстојниот празник 2-ри август – Денот на Републиката.


Јул 31, 2019

Од локалната  самоуправа информираат дека поради одржување на манифестацијата  „Ohrid calling 2019“ од 01.08.2019 до 05.08.2019 година, целосно ќе биде затворен за сообраќај  кракот од  улица „Кленоец”  што минува низ касарната, од влезот во касарната до излезот кон улица „Радојца Новичиќ”.


Јул 31, 2019

Со цел да се постигне уште подобра функционалност на апликацијата мојДДВ за поднесување на фискалните сметки и со тоа на граѓаните да им се овозможи полесно и побрзо да го остварат правото на поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ, апликацијата МојДДВ, како и секоја друга апликација подлежи на промени.