Константин Георгиески е новиот градоначалник на Општина Охрид
Според официјалните резултати објавени од Државната изборна комисија, со освоени 16.523 гласови, односно 54,36% од избирачите, д-р Константи Георгиески, како кандидат на СДСМ и коалицијата и официјално е новиот градоначалник на Охрид.
ОХРИДСКА ШКОЛА НА ПРАВОТО – 2019
Во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид од 9-12 мај 2019 година во организација на Институтот за правно-економски истражувања и едукација IURIDICA PRIMA ќе се оддржи 5-тата Јубилејна Меѓународна научна конференција ОХРИДСКА ШКОЛА НА ПРАВОТО – 2019 насловена:„Злоупотреба на правото и „ненормалното“ право наспроти владеење на правото“.
Во вториот круг во Охрид до 17 часот одѕивот 47%
Според последните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), во Охрид во вториот круг до 17 часот одѕивот бил 47%.
Донев: Охрид не е создаден за лаги и неостварените ветувања на СДСМ
На 5 мај Охрид и охриѓани имаат можност конечно да стават крај на политиките на СДСМ и Константин Георгиески кои скоро две години ги лажат и манипулираат. Охрид не е создаден за лаги и неостварените ветувања на СДСМ. Охрид е создаден за градоначалник кој ќе ги решава секојдневните проблеми на охриѓани, кажа на прес конференција, претседателот на ок на ВМРО ДПМНЕ , Сашо Донев.
Во недела масовно да излеземе да гласаме за борјот 3 и 7 и да обезбедиме сигурна и стабилна иднина , порачаа социјалдемократите од Охрид
Социјалдемократите, предводени од лидерот Зоран Заев, од трибината во Охрид повикаа време е да го поразиме груевизмот и на претседателско ниво, за никогаш повеќе да не ни се повтори режим.
Милошевски: Мојата душа и моето срце живеат за поубаво утре, за убав Охрид
Заедно, сплотени да ја градиме иднината за убав Охрид преку проекти и дела, им порача на граѓаните на завршниот прес кандидатот за Градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски. Во мојот живот сум покажал дека можам и умеам да создавам и правам добри дела. Сега заедно да го направиме Охрид поубав, рече Милошевски. Ги повика сите разочарани граѓани, неопределени гласачи, чесни граѓани од сите политички партии и етнички заедници, масовно да излезат на гласање и да го поддржат концептот за Убав Охрид.
Во предворјето на црквата Св. Софија се одржа првиот академски час на ФТУ
Во предворјето на црквата Св. Софија се одржа првиот академски час на Факултетот за туризам и угостителство за учебната 2021/2022 година. Свечениот час го отвори Претседателот на студентското собрание на ФТУ – Игор Пешевски кој им посака топло добредојде на новите колеги. Свое обраќање имаа и Продеканот Проф. Д-р Александар Трајков, деканот Проф. Д-р Цветко Андреески и ректорот на УКЛО Проф. Д-р Сашо Коруновски, како и претставник од СН Осигурителен Брокер АД Битола и директорот на студентскиот дом „Никола Карев“.
Георгиески: За охридските проблеми нудиме автентични решенија, а не сувопарни текстови напишани во Белата Палата
Стојам гордо исправен пред охриѓани и зад секој свој збор, кажа на завршниот прес пред изборниот молк , кандидатот за Градоначалник на Охрид, Константин Георгиески. Додаде дека не се крие зад партиски колеги, партиски диригирани портали, медиуми и лажни профили. Ги повика граѓаните во недела, во што поголем број да излезат на гласачките места и како во првиот круг да испратат порака дека За Охрид нема враќање назад.