Skip to main content
Јул 18, 2019

Градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески, во Куќата на  Уранија – МАНУ, ја отвори изложбата на Мајкл Клос, канадски и светски уметник со македонско потекло.


Јул 18, 2019

Вечерва со почеток во 20 часот во црквата „Света Софија“ ќе се одржи концерт на финскиот пијанист Оли Мустонен. Музичко-сценската програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со балетската претстава „Либертанго“ што ќе ја изведе Националната опера и балет на Република Северна Македонија на сцената Долни Сарај.


Јул 17, 2019

Германската компанија за производство на компоненти за автомобилската индустрија „Костал“ во Охрид наредните пет години ќе вработи уште 750 лица, односно до крајот на 2025 година ќе достигне вкупно 1 150 вработени, со што ќе биде меѓу трите најголеми производствени капацитети на групацијата во Европа.


Јул 17, 2019

Пожарот на депонијата Буково е изгаснат. Но поради тлеењето на огромната количина комунален отпад се издига чад кој претставува најголем проблем за жителите на селото Крушје. Екипите на Охридски Комуналец работат без престан на покривање на депонијата со земја на деловите од каде што излегува чад.


Окт 8, 2021

Урбанистичко уредување на Охрид беше тема на денешното обраќање од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за „Обнова на Македонија“. Се обврзуваат да спроведат урбанистички проекти според законските прописи и признаени посебности од Унеско. Најавуваат унапредување и на туристичкиот развој на градот.


Јул 17, 2019

Почитуваниот советник Нефи Усеини сам да си ги отстрани дивоградбите кои не можат да се легализираат, затоа што државата ќе ги руши, ова е дел од одговорот на премиерот заев на новинарско прашање на денешната прес конференција во владата. Премиерот кажа дека доколку локланта власт во Охрид не го спроведе законот ќе и бидат одземени ингеренциите. Градоначалникот Константин Георгиески, неодамна изјави дека очекува поддршка од државата и дека ќе ја добие за справување со дивоградбите.


Јул 17, 2019

 Партискиот портпарол Наум Стоилковски укажа на законските казни при градењето на дивоградби . Прекршувањето на закон едноставно кажано е криминал и за тоа мора да има кривична одговорност, порача Стоилковски.


Јул 17, 2019

Анализите за посетеноста на земјава за изминатите 6 месеци покажале  дека во пораст е бројот на хрватските,  грчките и туристите од Полска. Загрижувачки е  падот  на домашните и турските туристи во земјава.