Skip to main content
Мар 24, 2009

Од утре до 28-ми март, во Н.У. Центар за култура „Григор Прличев“, охриѓани ќе имаат можност да проследат ревија на српски филмови.


Окт 22, 2016

Промовирана монографијата 40 години од формирањето на општинскиот фудбалски сојуз и здруженеито на фудбалските судии во Охрид.

4 децении  историја на фудбалскиот спорт во Охрид поместени на 350 страници, збогатени со многу фотографии. Денес беше промовирана монографијата  „40 години од формирањето на општинскиот фудбалски сојуз и здружението на фудбалските судии-судиска комисија, од перидот 1976 до 2016 година. Авторот на ова вредно дело е  долгогодишниот спортски работник во областа на фудбалот Димче Стојкоски Лепи.

„Сите случувања, учества, работата  на клубот  во сите овие 40 години, победници, доделувањето на плакети, предавања на пехари. Има и претставници од сите претседателства, а ги има 60, фотографии, прв управен одбор, иницијативен одбор, татко и син што играле фудбал, татко и син што суделе, браќа што играле фудбал, се е во таа книга, “напоменува авторот Димче Стојкоски Лепи.     

Димче Стојкоски Лепи е со фудбалот од неговата младост. Започнал во 1955 година, потоа продолжил како фудбасли судија, па како делгат во општинскиот фудбалски сојуз. Две години работел на монографијата, а потпојано прибирал материјал и поскаувал за овој јубилеј да ги објави сите значајни информации од историјата на охридскиот  фудбал.

„Бев во контакт со фудбалот. Бев присутен на сите терени и бев задоволен што само за мал дел  ми недостасува фотографии, некои  ми дадоа, а некои  ги немаа“, вели Стојкоски.  

 Димче Стојкоски Лепи е автор на  9 книга од областа на фудбалот. Во 2011 година е прогласен за најдобар спортски работник во Охрид, а во 2015 година ја доби општинската награда за животно дело во областа на спортот.

 


Мар 24, 2009

Познати се имињата на советниците кои во идните четири години ќе ја креираат иднината на градот.


Окт 22, 2016

Одржана работилница  на тема   „Полицијата и медиумите јакнење на меѓусебната доверба“.


Мар 23, 2009

Водата има посебно место во животот на планетата Земја. Таа значи живот и овозможува развој и создавање на нов.


Мар 23, 2009

Александар Петрески, кандидатот за градоначалник од СДСМ прогласи победа во првиот изборен круг.


Окт 22, 2016

Котларата која се наоѓа во училиштето Браќа Миладиновци во Струга е дотраена и претставува потенцијална опасност. Директорот стравува дека може да дојде до дефект кој би предизвикал пожар. Со тоа е загрозено и училиштето и учениците. Бараат Министерството за образование да им набави нова котлара бидејќи тие сами не можат бидејќи нивната жиро сметка години наназад е блокирана.


Мар 23, 2009

Според нив Петрески и Трендафилов сигурно влегуваат во вториот круг. Конституиран новиот состав на советот.