Ставен во функција новиот Центар за спасување на планина
Станува збор за објект кој во себе има простор соодветен за планирање и координирање на оперативните дејствија и е еден и единствен од ваков вид во земјава.
Бизнис идеите на малите претприемачи од регионот стануваат реалност
Во пракса има се повеќе бизнис релации меѓу македонските и албанските прeтприемачи во скоро сите области. Очекувањата се подбар економски бенефит од ваквите соработки.
СО СУГЕСТИИ И ПРЕДЛОЗИ МЛАДИТЕ ДА УЧЕСТВУВААТ ВО КРЕИРАЊЕ НА МЛАДИНСКАТА СТРАТЕГИЈА НА ОПШТИНАТА
Процесот на креирање на Младинска стратегија на општина Охрид се одвива согласно предвидената динамика и планираните активности. По успешната работилница која се одржа во општината на која учествуваа: млади луѓе, релевантни институции, организации како и претставници на бизнис секторот, дефинирани се клучните аспекти кои оваа стратегија треба да ги опфати.
Каде да паркираме
Иницијативата да се создаде мини базар на некогашниот паркинг во близина на Чинарот, создаде проблем. Десеттина семејства кои имаат куќи на овој потег и кои своите автомобили ги паркирале таму, сега немаат каде да ги остават. Директорката на јавното претпријатие„Билјанини извори, Гордана Јованоска им понуди можност автомобилите да ги паркираат на дел од улицата „Даме Груев“, но за нив тоа е неприфатливо.
Во сред сезона охридските плажи нерегулирани
Во сред сезона охридските плажи нерегулирани. Постапката за издавање под концесија на петте најатрактивни плажи на крајбрежјето и една година по наддавањето, без епилог. Од општината летово очигледно на сето ова ќе прогледа низ прсти. Ништо ни од најавата на Министерството за транспорт и врски дека државата ќе си ги врати ингеренциите врз плажите на охридско-струшкото крајбрежје.
Во препораките на Унеско се нотирани и препораки за постапки за реката Сатеска и депонијата Буково
За враќање на старото корито на Сатеска и изработен проект за финасирање од УНДП. Според градоначалникот најтешко решлив проблем од сите препораки на Унеско е депонијата на Буково.
Со полн капацитет работи градскиот отворен базен
Голем интерес има за користење на капацитетите на двата базени од школите за пливање, но и од рекреативците. Од ЈП Билјанини извори информираат дека базените редовно се одржуваат и водата подлежи на контрола.
Бесплатен одмор во Струга за 700 деца од семејства во социјален ризик
Околу 700 деца и нивни придружници од семејства во социјален ризик од цела држава, од минатата недела до крајот на летото во пет смени ќе престојуваат на летен одмор во Струга. Одморот се реализира со поддшка од Министерството за труд и социјална политика и Црвен крст, а сместувањето е во одморалиштето „Мајски цвет“.