Skip to main content
Окт 4, 2021

Ученици од ОУТУ „Ванчо Питошески“ се вратија со златен и сребрен медал од 9-от меѓународен гастрономски натпревар во областа на угостителско- туристичка струка „ГАТУС 2021“, што се одржа во Златибор, Србија.


Апр 16, 2019

Како дeл од изборната програма најави проекти за подобрување на патната инфраструктура во урбаните делови од градот, но и во  руралните населени места. Како и проекти за  опремување на  противпожарната станица. 


Апр 16, 2019

Во последната недела од изборната кампања за вонредните локални избори, оваа среда 17 април, ексклузивно на ТВМ ТелевизијА, дебатна емисија со четворица од кандидатите за градоначалник на Охрид.


Апр 16, 2019

Прогласена е епидемија на мали сипаници на ниво на цела држава, соопшти денеска Центарот за јавно здравје.


Апр 16, 2019

Најпоставуваниот современ шпански текст во регионот “Метод” (El mètode Grönholm) од Жорди Галсеран, повторно на репертоарот на Народен Театар Охрид.


Апр 15, 2019

СДСМ се свесни за својот слаб рејтинг и убедливиот пораз на локалните избори па под превезот на малите инфраструктурни зафати сакаат да ги затскријат нереализираните ветени проекти. Во 21 век асфалтирањето улици или поставувањето водовод и канализација мислат дека е големо достигнување и причина граѓаните да гласаат, кажа денеска на прес конференција, претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Сашо Донев.  Нема суштински проекти што ќе значат нови вработувања, подобар животен стандард, поубав Охрид, рече Донев.


Апр 15, 2019

Сериозна стратегија и проекти за локален економски развој и на туризмот како негов најзначаен сегмент, најави кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Митре Милошевски. Формирање на Локален економски совет, Континуирана туристичка промоција на Охрид и Интензивирање на меѓународната соработка со соседните држави во насока на искористување на европските фондови за проекти на Локалната самоуправа, се само дел од она што е предвидено во програмата на Милошевски. 


Апр 15, 2019

Проекти за решавање на проблемите со водоснабдување и отпадните води значаен дел од изборната програма на Кандидатот за Градоначалник од СДСМ, Константин Георгиески. Изградба на нов водоснабдителен систем   кој ќе ја користи водата од изворот Дувло во атарот на село Свиништа е еден од плановите за решавање на долгогодишниот проблем со водоснабдувањето на градот Охрид и населените места од поранешната општина Косел, кажа Ристо Николески кој на прес конференција презентира дел од програмата на Георгиески.