NUMB – Tribute to Pink Floyd
По „Долни сарај“, ова лето на плажата „Cuba Libre“, во четврток, на 18-ти јули 2019 година, со почеток по 21:00 часот ноќ посветена на еден од најголемите и највлијателните рок бендови воопшто во музичката историја, легендарните Pink Floyd.
12 тезги ќе бидат поставени на паркингот кај Ваикики
На паркингот кај Ваикики наместо автомобили ќе има тезги. Од ЈП „Градски пазар“, кое стопанисува со просторот велат дека ќе праватмини базар, па сите продавачи на храна и сувенири кои сега се распрскани низ чаршијата ќе бидат стационирани таму.
Oд понеделник ќе сe применува летниот сообраќаен режим
Технички проблеми со поставување на системот за видео надзор кај Горна Порта и црквата Каменско за влез во стариот дел од градот го пролонгирале првично планираниот термин за примена на целосниот летен сообраќаен режим кој треба да го намали сообраќајниот хаос во екот на туристичката сезона. Во моментов со измени се одвива сообраќајот само во централното градско подрачје.
Кривична за охриѓанец кој преку социјални мрежи ширел омраза и повикувал на насилство
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.С.(51) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста по пат на информациски систем”.
Се ловат рибокрадците во охридско
Продолжува криволовот на Охридска пастрмка. Засилените полициски контроли вродија со плод.
ОПМ загрижена за стандардот на потрошувачите
По најавите за енормно поскапување на основните прехранбени производи бараат цените да бидат ограничени. Од министерството за економија смируваат дека веднаш ќе се интервенира долку има некаков ценовен шок.
ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ТИМОНИЕ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД
Председателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска , денеска имаше протоколарна средба со Кристијан Тимоние, амбасадор на Република Франција во Република Македонија. На средбата се разговараше за досегашната и можноста за продлабочување на идната соработка.
„Денови за претставување на Бугарската култура, фолклор и традиција“
На летната сцена „Долни Сарај“ , синоќа свечено беше отворена манифестацијата „Денови за претставување на Бугарската култура, фолклор и традиција“. На фестивалот на кој присуствуваше и Ангел Ангелов, амбасадор на Република Бугарија во Република Северна Македонија, во името на градот домаќин се обрати претседателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска.