Фабрика за рециклирање на отпад на Мауцкер
Фабрика за рециклирање на отпад на Мауцкер по се изгледа ќе се гради. Моментално се прават калкулации дали ќе се прави со пари од општината или од приватни компании. Со изградбата на фабриката за рециклирање отпад ќе се намалат загубите на ЈП „Охридски Комуналец“, а и ќе добиеме една локација каде правилно ќе се третира отпадот.
Успешно партнерство меѓу ОУ „Григор Прличев“ и Гете институт
60 деца од партнерските училишта на Гете Институт во Македонија, Косово и Албанија учествуваа на јазичен камп во Охрид чиј домаќин беше ОУ Григор Прличев. Со подготовка на претставата „ Авантурите на Момо во Охрид“ тиа покрај изучувањето на Германскиот јазик учеа и за различните култури на трите земји.
Граѓаните со поделени размислувања по стартот на проектот „Мој ДДВ“
Многумина слушнале но , не знаат како да постапат за да се вклучат во системто на УЈП, додека други не веруваат дека ќе им се враќаат пари. Од УЈП ветуваат помош на граѓаните. Поставени се во организационите единици киоск-апарати, бар-код читачи и паметни телефони преку кои ќе се скенираат фискалните сметки на граѓаните.
Стапува на сила Законот за враќање на дел од ДДВ
Од денеска стапува на сила Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност со кој граѓаните ќе имаат право да вратат 15 отсто од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки.
Се одржа IV Поетска манифестација „Охридски поетски бисер“
Викендов се одржа IV-та Поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ во манастирскиот комплекс „Св. Спас“ во Горно Лакочереј со почеток во 13 часот.
Донев: Гарантираме инвестирање и создавање услови за спортување на сите генерации
За Охрид гарантираме инвестирање и создавање услови за спортување на сите генерации, порача носителот на листа од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Сашо Донев. Тој најави изградба и реконструкција, опремување на спортските сали, фудбалски и тениски игралишта, организирање и субвенционирање голем број спортски настани и поддршка на спортските таленти.
Ансамблот „Отекс“ вечерва ја започнуваат големата француска турнеја
Членовите на Фолклорниот ансамбл „Отекс“ од Охрид, чуварите на фолклорното наследство од регионов, вечерва ја започнуваат големата франсцуска турнеја.
Четвртиот меѓународен гастрономски натпревар „Гастро Мак“ 2019 ќе се одржи во Охрид
Раномирани светски готвачи и шефови на кујни ќе бидат дел од Четвртиот Интернационален гастрономски натпревар – „Гастро Мак”, кој ќе се одржи од 10-ти до 14-ти октомври 2019 година во Охрид. Овој континентален гастрономски настан е во организација на Националната асоцијација на готвачи и шефови на кујни од Рeпублика Северна Македонија поддржана од Министерството за култура и Општина Охрид.