Skip to main content
Јун 25, 2019

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец“ започнаа со санациони активности на пристанишниот дел пред капетанијата. 


Јун 24, 2019

Од охридската Општа болница денеска се огласија со соопштение во врска со починатата 29-годишна родилка која по породувањето со „царски рез“ во охридската болница, во петокот почина на скопските клиники.


Јун 24, 2019

Во помалите судови во нашата земја , често се случува еден од вработените административни работници да ги работи работните обврски на три или четири работни места, што во голема мерка го оптоварува функционирањето на судовите од една страна, а од друга пак, го намалува и квалитетот на услугите кои странките треба да ги добијат.


Јун 24, 2019

„Каде е пиштолот?“ е модерен сатиричен текст со силна егзистенцијалистичка позадина, создаден во седумдесеттите години од минатиот век. Во својата срж текстот се занимава со човековата дуална природа, играјќи помеѓу позициите на опресор и потчинет низ петте ликови кои го носат дејствието.


Јун 24, 2019

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Р.И.(49), од струшкото село Горно Татеши, Ј.З.(53) од селото Делогожда и Б.В.(45) од селото Велешта.


Јун 24, 2019

Годинава  на колонијата учествуваат 35 уметници од сите страни на светот, како и 12 млади талентирани уметници, кои што ќе творат со своите поискусни колеги во прекрасниот амбиент на Вевчани. На крајот од секоја колонија, а во функција на натамошно афирмирање на уметноста, организаторите издаваат висококвалитетен каталог на македонски и на еден од светските јазици. Потоа примероци од каталогот, се доставуваат на поголем број еминентни институции и личности од светот на уметноста.


Окт 7, 2021

Кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата, Константин Георгиески денеска го најави концептот 365 ДЕНА ДЕСТИНАЦИЈА, 365 дена можности за сите. Тоа ќе значи поттик за економска активност за локалните бизниси и поголемо задоволство за гостите преку целата година, кажа Георгиески. Додаде дека во таа насока ќе се креира интернет портал и апликација „Цел Охрид на клик“.


Јун 24, 2019

Викендов во Охрид започна јубилејната десетта Меѓународна научна конференција посветена на безбедноста, која се одржува во организација на Факултетот за безбедност од Скопје во партнерство со Фондацијатa „Ханс Зајдел” и Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување.