Нема да се уриваат сите дивоградби во Охрид
Во тек е изработката на регистарот на дивоградби во охридскиот регион, според препораките на УНЕСКО. Надлежните велат дека нема да се уриваат сите дивоградби туку само оние за кои стручната комисија ќе потврди дека имаат штетно влијание врз животната средина или се до самото езеро. Научната фела смета дека одамна требаше да се делува превентивно, бидејќи сега уривањето ќе чини многу пари.
Се стабилизира фондот на ПИОМ
Со пензиската реформа се стабилизира системот и постигната е заштеда од околу 4 милијарди денари во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
ОПШТИНА ОХРИД АПЕЛИРА ДА СЕ ОТСТРАНАТ ПЛОВНИТЕ ОБЈЕКТИ ОД „САРАИШТЕ” И „КАНЕО”
Општина Охрид упатува апел до сопствениците на пловни објекти (кајчиња) кои се лоцирани на крајбрежниот појас во „Сараиште“ и „Канео”, истите да ги отстранат во најбрз можен рок.
Црвениот крст од Охрид, уште еднаш најдобар во промоцијата на хумани вредности
Од вкупно 150 проекти изработени од организации на Црвен крст во целата држава, нaјбројни, најуспешни и оценети со највисоки оценки беа шесте проекти кои ги изработија 40 млади волонтери на Црвен крст Охрид со кои помогнаа на повеќе од 100 лица од ранливата категорија на граѓани од Охрид.
Од понеделник 24 јуни градскиот базен “Атина Бојаџи” ќе биде отворен за сите корисници
Од понеделник 24 јуни градскиот базен “Атина Бојаџи” ќе биде отворен за сите корисници, информираат од ЈП „Билјанини извори“.
Жители на два станбени блока и 10 куќи со години немаат пристапен пат до своите домови
Жители на два станбени блока и 10тина куќи со години немаат пристапен пат до своите домови. Патот вцртан во урбанистички план не е пробиен поради нерешени имотно правни односи а пристапната патека која до пред 10 години ја користеле им ја блокира со препреки еден сосед. Граѓаните бараат помош од локалната во спротивно најавуваат протест со блокирање на Булеварот Туристичка на пресекот со улица Бистрица.
Поставете прашање за кандидатите за градоначалник на Охрид
Почитувани сограѓани, поставете прашање за кандидатите за градоначалник на Охрид.
Од 1 јули започнува поврат на 15% од платен ДДВ кај граѓанитe
50 милиони евра собрани пари од граѓаните ќе се враќаат на населението како поврат на 15% од платениот ДДВ. Денеска Владата ја претстави мобилната апликација, преку која ќе се одвива овој процес.