Денес во Охрид врнежливо со температура до 13 степени
Времето денеска во Охрид облачно и студено со врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат обилни, со пороен карактер и засилен југоисточен ветер, особено во западните делови каде на повеќе места ќе наврнат и над 30 л/м2 дожд.
Тече процесот на бесплатно микрочипирање на домашните миленици
Досега во Охрид се регистрирани над две илјади кучиња домашни миленици. По заокружување на процесот до крајот на годината од АХВ најавуваат поригорозни контроли за сопствениците дали ги почитувале законските прописи за вградување микрочипови и дали ги вакцинирале против беснило.
ВО ВТОРНИК ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ, ПЧЕЛАРИТЕ ВО ДЕБРЦА ДА ГИ ЗАШТИТАТ ПЧЕЛНИТЕ СЕМЕЈСТВА
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на Одлуката на Советот на Општина Дебрца, за спроведување превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Дебрца, како општа противепидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје ќе преземе соодветни мерки за заштита.
Богослужби по повод празникот „Ден на Светиот Дух – Духовден“
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 16. јуни 2019 година (недела), во црквата „Света Троица“ (населба Црногорци) – Охрид ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Слегување на Светиот Дух – Духовден (Св.Троица) – Педесетница“ со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.
Mеѓународен натпревар „Охридски бисери“
Во сабота 15 јуни, во Охрид по осумнаесетти пат ќе започне меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“ 2019. Во пет натпреварувачки денови, во салата на Градското собрание на градот Охрид, ќе настапат осумдесетина учесници од Европа. Годинава на програма се дисциплините дувачки инструменти, флејта, обоа, кларинет, саксофон, труба, хорна, тромбон и камерна музика во различни состави со споменатите инструменти.
Препораката на нутриционистите: Најбезбедна и најздрава е автохтона храна од локалното поднебје
Храната во земјава е со сомнителен квалитет. Се случувало да се открие млеко, месо, зеленчук,па дури и минерална вода со несоодветен квалитет, што предизвикува штетни последици врз здравјето на луѓетo.
Од ЕД Грашница јавуваат дека истекуваат отпадни води од двата бајпасови кај Грашница
Проблемот е стар со децении од изградбата на колекторскиот систем. Од претпријатието за одржување на колекторот информираат дека станува збор за истек на вишок на вода, а интензивно работат на положната пумпа за забрзување на протокот на вода на пумпната станица кај Подмоље.
30-годишен охриѓанец фатен со марихуана на улицата „Васил Стефоски“ во Охрид
На 02.01.2022 во 04.30 часот во СВР Охрид е приведен Т.Р.(30) од Охрид, поради тоа што кај него е пронајдена марихуана.