Нови зони и цени за паркирање ќе стартуваат со новиот летен режим на сообраќај
Градот воведува премиум зона на паркирање по цена од 100 денари од час , а ќе се прошири Б зоната на паркирање со пониска цена од досегашната. Ќе се редуцира сообраќајот во Стариот дел од градот по препораките на Унеско. Наскоро ќе стартува и летниот режим на сообраќај.
Неповолна хидролошка состојба во Охридското езеро и реката Црн Дрим
Долгиот сушен период и испуштањето на вода за потребите на хидроелектраните дополнително го намалија водостојот. Од УХМР ги демантираат објавите кои осамнаа на социјалните мрежи дека намерно е исклучена информативната табла за мерење на водостојот на Охридското Езеро.
Поради тепачка меѓу двајца советници, прекината седницата на советот на Општина Охрид
Прекината дваесет и осмата седница на советот на Општина Охрид, поради тепачка помеѓу двајца советници.
ВО ПОПЛАДНЕВНИТЕ И ВЕЧЕРНИТЕ ЧАСОВИ ЌЕ СЕ СПРОВЕДЕ ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ХОРИЗОНТАЛНА СИГНАЛИЗАЦИЈА
Ве известуваме дека од денес, 10.06.2019 година, (понеделник), Општина Охрид ќе започне со изведување на градежни активности за обележување на хоризонтална сигнализација на територијата на општината.
ПОЛСКИОТ АМБАСАДОР ВОЈЦИЕХ ТИЦИЊСКИ ВО ПОСЕТА НА ОХРИД
Градоначалникот Константин Георгиески, денес, оствари протоколарна средба со полскиот амбасадор Војциех Тицињски. На средбата беше разговарано за продлабочување на веќе добро воспоставената соработка на Охрид со полската амбасада во повеќе области.
“Метод” од Жорди Галсеран, во четврток на репертоарот на Народен Театар Охрид
Претстава зборува за последносто интервју на финалните четири кандидати за висока позиција во голема интернационалана компанија. Во оваа приказна, преку интриганта сатира кон модерното сфаќање на капитализмот и општеството воопшто, се анализира природата на човекот.
За две недели, три случаи на залутување
Викендов од страна на СВР Охрид, беше алармиран оперативниот центар на Планинската Спасителна Служба, со информација дека на територија од НП „Галичица“, изгубено е повозрасно женско лице, жител на општина Струга, кое заедно со свој близок роднина, во околината на врвот Лако Сигној, собирале шумски плодови.
Нашите пензионери успешно се преставија на Републичката фолклорна ревија во Скопје
Викендов во Скопје се одржа 9-та Републичка фолклорна ревија на песни,музика и игри.На ревијата учествуваа 25 здруженија од републикава со 554 музичари и фолклористи. Од името на организаторот присутните учесници и гостите на Ревијата, ги поздрави, претседателката на СЗПМ Станка Трајкова, а за отворена ревијата е прогласи покровителот, премиерот на Владата на Македонија Зоран Заев. На ревијата настап и КУД „Далги“ при ЗП Охрид и Дебрца.