Skip to main content
Окт 6, 2021

По десет дена од почетокот на изборната кампања се слушаат само ветувања, а никаква одговорност од двете политички партии кои триесет години се менуваат на власт, истакнаа на прес конференција од независната советничка листа „Охрид пред се“. Јавно не се извинија за нереализираните претходни големи ветувања. Во идниот Совет на општина Охрид на поддршка може да сметаат само оние кои го почитуваат својот народ и својот јавно даден збор, порачаа од „Охрид пред се“.


Јун 7, 2019

Поддршка ќе добиваат младите луѓе кои ќе може да стартуваат свои бизнис компании. Нивните идеи ќе добиваат логистичка, финансиска и експертска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој и партнерите во реализација на проектот.


Јун 7, 2019

До март следната година се очекува конечно коекторот да биде функционален и  да одговори на својата намена, заштита на Охридското езеро од загадување.


Јун 7, 2019

Во рамките на  17.Регионална конференција на македонскиот ПЕН Центар  – Преспа утре – сабота  во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи Меѓународно литературно читање.


Јун 7, 2019

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 10 јуни до 30 август годинава ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот.
Во терминот од 08:30 до 16.00 часот читателите ќе можат да позајмат нови и да ги вратат веќе прочитаните книги.


Јун 7, 2019

Станува збор за презентација на јавниот повик за финансирање на проекти за новоосновани трговски друшта „Старт-ап„ и „Спин-оф“, од југозападниот регион.


Јун 7, 2019

Деновиве во градскиот парк, зелените острови кај кружните текови и зелените делови покрај пешачките патеки до Горица и покрај каналот Студенчишта, се засадува летната цветна реколта.


Јун 6, 2019

Копјата повторно се кршеа меѓу стручната фела, екологистите и сопствениците на пловни објекти. Капетанот на Капетанија на Пристаништата на РМ даде конструктивно решение, марината да се изгради на потегот на Центарот за обука на вода и Комуналец каде што со најстроги стандарди ќе биде заштитено Езерото и ќе се ревитализира  и Студенчишко блато.