Заболувањата на циркулаторниот систем и понатака се најфатални за охриѓани
Во Охрид, водечката стапка на смртност е резултат на циркулаторните заболувања. Следуваат заболувањата од малигните неоплазми и ендокрините болести.
Свети Сава неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 27 јануари 2019 година (недела), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија.
Утре почнува второто полугодие, учениците се враќаат во училишните клупи
По продолжувањето на зимскиот распуст за учениците од два дена, од утре, 23 јануари, тие повторно седнуваат во училишните клупи.
Делови од Охрид денес извесно време без вода
Поради дефект на водоводната мрежа на улицата „Кленоец“ до 13:00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето во населбата „Црногорци“, Горно Лакочереј и на дел од село Лескоец, информираат од охридски Водовод.
Православните христијани денес го слават празникот Крстовден
Празникот Воздвижение на чесниот крст се празнува во чест на наоѓањето на крстот на кој бил распнат Исус Христос. Овој настан и се припишува на царицата Елена, мајката на цар Константин, основоположникот на Цариград (Константинопол).
Новиот Закон за зелените пазари го доведува во прашање опстојувањето на охридскиот пазар
Новиот Закон за зелените пазари го доведува во прашање опстојувањето на охридскиот пазар. Законот предвидува пензионерите, вработените или пак луѓе кои остваруваат некакви хонорари да не можат да продаваат производи на пазарите. Од ЈП „Градски пазар“ неодамна направиле сондажа колкав е процентот на лица кои имаат закупено тезга на охридскиот пазар, а кои според новиот закон не ќе можат да работат. Податоците се фрапантни.
Охриѓани и стружани не се снаоѓаат најдобро на лизгавиот снег
Голем број граѓани се здобиле со сериозни скршеници. Од охридската итна медицинска помош апелираат повозрасните граѓани да не излегуваат без потреба на снегот и мразот.
Петнаестина љубители на животни обезбедија засолништа за бездомните кучиња
Во овие студени зимски денови тие поставија кутии за засолнување на кучињата на повеќе локации во градот.