Проблемот со кучињата скитници точка на дневен ред на градскиот Совет
Од опозицијата обвинуваат дека шелтерот за згрижување на кучињата не функционира. Од ЈП Комуналец информираат дека за темелно решавање на проблемот се чека на измените на Локалната урбанистичка планска документација со која треба да го добијат на користење земјиштето за да го регистрираат долгоочекуваното прифатилиште за бездомни кучиња.
Високи награди на државни и меѓународни литературни конкурси на охридските средношколци
Сергеј Костовски ученик во четврта година во ДСУ Спортска Академија – второ место на 10 Меѓународен фестивал во проза и поезија „Станислав Препрек“ и трето место на 11 Меѓународен фестивал во проза и поезија „Михаил Бабинка“.
ПРЕКУ ПРОЕКТ ЗА ИНКЛУЗИВЕН УРБАН РАЗВОЈ, КЕЈОТ „МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ СТАНЕ ПЕШАЧКА ЗОНА
Со адаптација на улицата „Македонија“ во пешачка зона, ќе се обезбеди поинаков спој меѓу езерото, луѓето и урбаниот дел на градот.
„Биди донор, биди херој“
Универзитетската Клиника за хематологија-Скопје ги информира граѓаните дека за време на одржување на Охрид Трчат 2 Јуни со почеток во 8.00 часот, може да се обратат на штандот на Клиниката и да се запишат во Националниот дарителски регистар на коскена срцевина.
Охрид останува една од општините со висок негативен прираст на население
Охрид и натаму е една од општините со висок негативен прираст на население. Во наведениот период, во Охрид се родиле 129 бебиња, а починале 199 лица, од кои едно новороденче.
Научната фела загрижена, со губење на статусот на УНЕСКО градот ја губи и главната туристичка вредност
Во охридскиот регион времено се прекинуваат постапките за издавање одобрение за градење и легализација на дивоградби.
Нови изданија на старите, добри лектири
И оваа среда од НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид ви презентираат нови изданија од старите, добри лектири со кои растеа генерации деца, а и денес дел од овие изданија се вклучени во образовниот процес и се омилени меѓу младите генерации.
ВИСОКА ДЕЛЕГАЦИЈА ОД БУГАРИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД
Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески денеска оствари протоколарна средба со висока бугарска делегација предводена од амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија, неговата екселенција Ангел Ангелов, генералниот конзул на оваа земја во Битола, Димитар Иванов и министерот за образование и наука, Красимир Влчев.