Skip to main content
Окт 11, 2021

Во последната седмица пред изборите и помалку од пет дена до изборниот молк, лидерите на партиите и кандидатите за градоначалниците продолжуваат да ветуваат европска иднина, промени, зелена агенда, но и инфраструктурни подобрувања во сите општини во државава.


Авг 6, 2019

Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св.Климент и оваа година ќе се реализира во ОУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид и тоа на 8 август (четврток) во периодот од 19-24 ч. и на 9 август (петок) во периодот од 9-13 ч.


Авг 6, 2019

Во согласност со Годишната програма на Секторот за Туризам и Локален Економски Развој на Општина Охрид, поставена е опрема и пуштен е во употреба Hot Spot бесплатен интернет на уште две нови локации пред црквата „Света Софија“ и на кеј „Македонија“ во Охрид.


Авг 5, 2019

Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески стана експерт за противзаконски вработувања и префрлување партиски кадри, обвини денеска на прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.


Авг 5, 2019

Ова доаѓа по мислењето и препораката до Општина Охрид од Антикорупциска дека советник не може да добива тендери од општината и јавните претпријатија поради судир на интереси.


Авг 5, 2019

И ова лето за спасителите на плажа полни раце работа. Само досега имале над дваесет интервенции за спасување на давеници. Бројот пак на укажана прва помош на капалиштата е мнопгу поголем. Се апелира до сите капачи да ги почитуваат правилата и да посетуваат плажи кои се безбедни.


Авг 5, 2019

Од одделението за сообраќај се задоволни од функционирањето на системот со влез и излез на возилата во стар град. Одредени слабости има во функционирањето на режимот. Дел се од системот, а дел поради човечки фактор, велат од локалната.  Повторно се соочуваат со  злоупотреби на картичките од страна на жители на Стар град, а има и пропусти кај лицата ангажирани на рампите.


Мар 1, 2022

Планинската спасителна служба, при Црвен крст – Охрид доби специјализирани мултифункционални носилки и средства за имобилизација за хеликоптерско спасување, преку проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, финансиран од ЕУ, во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка со Република Албанија.