ХОРТИКУЛТУРНИ ЗАФАТИ НИЗ ОХРИД И ПРИГРАДСКИТЕ НАСЕЛБИ
Екипите на „Јавно зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец” деновиве интензивно го уредуваат јавното зеленило во централното градско подрачје и приградските населби.
Локалната и централната власт сериозно да ги сфатат забелешките и препораките од УНЕСКО
На следното заседание на Комитетот за светско културно наследство на УНЕСКО , што во јули годинава ќе се одржи во Баку Азербејџан Охрид може да биде ставен на листата загрозено културно наследство. Екологистите и граѓанските активисти предупредуваат дека не смее да се дозволи поради финансиските интереси на поединци да се загби статусот на Охрид како град под заштита на УНЕСКО.
Охридските основци го стартуваа третото издание на „Охрид трчат“
Учесниците кои ги освоија првите места споделуваат дека спортот ги прави среќни. Организаторите на манифестацијата имаат за цел младите што повеќе слободното време да го посветуваат на спортот кој е предуслов за здрави животни навики.
Вредна донација на охридските ротаријанци за ОУ „Христо Узунов“
Ротари Клубот од Охрид, денеска донираше компјутерска опрема на Основното училиште „Христо Узунов“ во Охрид, наменета за децата со посебни образовни потреби кои се во редовна настава во училиштето.
Охридските овоштари ги фрлаат скапаните јаболка кои не успеаа да ги продадат
Дел од есенскиот род на јаболката од охридските регион заврши на нивите и покрај речните корита. И додека едни овоштари се лутат на државата, реалните повикуваат на менување на навиките и спасот го гледаат во здружување и едукација на овоштарите.
Зелено Охридско езеро
Љубителите на едриличарството го протежираат концептот Зелено Охридско езеро. Со него ќе се заштити езерото од загадување од штетните горива кои ги користат останатите пловни објекти, а и ќе се стимулираат младите да се занимаваат со овој спорт.
Михајловски : Нашата цел е да ги мотивираме младите да останат во Охрид
„Нашата цел е да ги мотивираме младите да останат во Охрид и да го градат своето семејство и својата професионална кариера тука.“ – порача Бојан Михајловски кандидат за советник од СДСМ и коалицијата. Тој на денешната прес конференција се осврна на проекти за подобрување на условите за вработување и социјалниот живот на младите.
Деновиве во Охрид целосно ќе биде ставен во функција новиот Центар за спасување на планина
Авантуристичкиот туризам освен природните можности прилагодени на барањата на современиот туризам треба да гарантира и безбедност.Тоа значи опрема за брза и безбедна акција и спасување во случај на потреба, како и координација на самите служби.
