РК Охрид утре игра против Еурофарм Работник
Последниот натпревар на домашен терен во регуларниот дел од Супер лигата РК Охрид ќе го одигра против Еурофарм Работник утре со почеток во 19 часот. Теоретски охридскиот ракометен клуб има шански за плеј оф, доколку приредат сензација против силниот Еурофарм.
Багери копаат и рушат тераса на угостителски објект без одобрение
На малиот плоштад, на државно земјиште, веднаш до Чинарот, од викендов се руши летна тераса ,се исече иглолисно дрво, без никакво одобрение а настрадале и гранки од илјадалетното дрво споменик на природата. Се подготвува терен за дивоградба а допрва надлежните инспекциски органи ќе утврдуваат што се случува и ќе постапуваат.
Богата театарска година во Охрид
Богата театарска година во Охрид. Ова е најава од Центарот за култура„Григор Прличев“. Од таму велат дека секој петок планирано е да има по една престава од оние кои веќе се на репертоарот, а во текот на годинава треба да се постават уште две нови. Иако средствата кои им беа доделени од Министарството за ккултура се многу пониски од потребното, од центарот ќе бараат други извори на финансирање за остварување на нивните планови.
Јована Милевска е новиот државен јуниорски првак во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма
Јована Милевска на Државното првенство што викендов се одржа во касарната во Битола, беше најуспешна со резултат од 609.1 кругови, оставајќи ја зад себе второпласираната за цели 16 кругови.
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека се случува вистинска еколошка катастрофа со крајбрежјето на Охридското Езеро
На секој чекор дивоградби, а сега и пеплосани црни површини со опожарена трска и ниска вегетација во близина на автокампот „Андон Дуков“ и Св. Еразмо, кажа на денешната прес конференција портпаролот на огранокот на партијата Перчо Божиноски.
ВМРО-ДПМНЕ од Охрид го објави канидадот за градоначалник за претстојните вонредни локлани избори
ВМРО-ДПМНЕ од Охрид го објави канидадот за градоначалник за претстојните вонредни локлани избори кои треба да се одржат на 21 април. Сега се знае и третиот кандидат за градоначалничката трка во Охрид, покрај Д-р Константин Георгиески од редовите на СДСМ и Михаил Трендафилов Нанче од Граѓанската Демократска унија.
Во Охрид ќе се одбележи Богојавление Водици
Со почитување и запазување на мерките за заштита од Ковид 19, ќе биде одржана манифестацијата посветена на големиот верски празник Богојавление-Водици.
БРИТАНСКИ ИСКУСТВА ВО СПРАВУВАЊЕТО СО БЕЗДОМНИТЕ КУЧИЊА
Во рамките на реализација на Планот и програмата за контрола на популацијата на бездомните кучиња, што ја донесе општина Охрид, денеска започнаа неколкудневните предавања и обуки кои ги држи Брајан Фокнер, претставник на Кралската асоцијација за превентива на суровоста кон животните од Велика Британија.