Котларата во училиштето Браќа Миладиновци во Стругa претставува потенцијална опасност
Котларата која се наоѓа во училиштето Браќа Миладиновци во Струга е дотраена и претставува потенцијална опасност. Директорот стравува дека може да дојде до дефект кој би предизвикал пожар. Со тоа е загрозено и училиштето и учениците. Бараат Министерството за образование да им набави нова котлара бидејќи тие сами не можат бидејќи нивната жиро сметка години наназад е блокирана.
ОИК ги објави првичните неофицијални резултати
Според нив Петрески и Трендафилов сигурно влегуваат во вториот круг. Конституиран новиот состав на советот.
Нанче задоволен од изборните резултати
Кандидатот за градоначалник на Охрид на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Трендафилов – Нанче изјави дека е задоволен од излезноста на Охриѓани на изборите.
Вакцинирањето против сезонски грип ќе започне на 27 октомври
Вакцинирањето против сезонски грип ќе започне на 27 октомври.
ОИШ на СДСМ од Охрид ги објави последните обработени резултати од изборите
Според последните резултати на Аналитичкиот центар на ОИШ на СДСМ, од обработените материјали од 60 од 73-те избирачки места на територијата на општина Охрид, кандидатот за градоначалник на СДСМ Александар Петрески освоил 11.239 гласови и води пред противкандидатот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Трендалфилов – Нанче за кого се изјасниле 10.479 гласачи.
Избори 2009
На 2,976 гласачки места во Македонија, право на глас имаат 1.792,082 гласачи.
Охрид го одбележа 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба
Нека ни е честит и вековит 23 октомври, денот на Македонската револуционерна борба, на славата на идеалот и борбата за слобода. Ден, трајно врежан во македонскиот идентификациски код и колективната меморија на мекедонскиот народ, патоказ за нашата сегашност и нашата иднина. Со овие зборови пред присутните се обрати градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески на денешното одбележување за празникот 23 октомври.
Рецесијата го зема данокот и во Охрид
Бројката на отпуштени работници за синдикатот алармантен ,а за агенцијата за вработување незначителен.