Skip to main content
Јул 30, 2019

Велат дека нема ден да не снема вода за пиење во дел од градот и дека секојдневното живеење на граѓаните и туристите е отежнато. Исто така бараат од „Водовод“ веднаш да ги реши проблемите со водоснабдувањето во Лакочереј и да им овозможи на жителите непречено снабдување на вода за пиење.


Јул 30, 2019

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на општина Охрид, во поширокиот регион на Охрид ќе биде спроведена превентивна систематска дезинсекција.


Окт 10, 2021
Корона кризата, болните од Ковид, паниката кај граѓаните им ги наполнија сметките на аптеките. Едно четирчилено семејство заболено од Ковид кое се лечеше во домашни услови трошеше најмалку 500-ини евра за лекови.

Јул 30, 2019

Вчера во 13:11 часот, Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид доби повик од страна на група планински велосипедисти од Холандија, кои јавија дека при пад во близина на Трпејчко поле, југо-источно од Пештани, нивниот пријател се здобил со повреда во пределот на десниот колк. 


Јул 29, 2019

Во Локалната самоуправа, во јавните пртпријатија во градов како и во градскиот совет има многу помалку жени отколку мажи на раководни места.Родовата еднаквост сеуште е тема на која треба да се работи па затоа во градов се одржува три дневна работилница за родовите индикатори, родовите показатели и родовата статистика.


Јул 29, 2019

Искршени и искорнати канделабри, уништени клупи, оштетен плочник е сликата од пешачката рекреативна патека од мостот до Горица прва. Од кога патеката е направена, постојано се уништува. Лоакалната ги санира штетите, но тоа не е решение.


Јул 29, 2019

Компанијата која постои 19 години од кои последниве шест успешно работи во Охрид , своите препознатливи производи ќе им ги понуди на купувачите во пријатен ентериер на поголема површина. Охриѓани , според искуството на вработените во Бако се вистински љубители на апетисани, суво овошје, локум, интегрална храна, зачини а во последно време се побарани се и производите кои се тренд во здравата исхрана како чија, гоџи, киноа, зелено кафе и друго. 


Јул 29, 2019

Преселбата започнала по Илингденското востание, со заминување на машките членови од семејствата Митрески, Паункоски и Петкоски на печалба во Америка. По доаѓањето во Охрид, во 1919 година, членовите на семејствата даваат придонес не само за личен туку и за економски просперитет на градот. Во минатиот век семејството Петкоски се градители на првото градско кино „Охридско Езеро“.