Општина Охрид го одбележа Денот на Европа
Беше испратен повик за зачувување и негување на општите човекови и хуманистички принципи. Градоначалникот Константин Георгиески испрати порака победата над фашизмот да ни биде водилка во пребродување на пречките и проблемите на патот кој води кон Европското семејство.
Изборите поминаа, минарето се гради
Изборите завршија, градежните работи на Алипашината џамија продолжија. Од Здружението Совест обвинуваат дека се изиграни. Велат испорачале жолт картон до надлежните, следувал црвен.
Охриѓани се хумани помагаат на сограѓаните во социјален ризик
Охридската хуманитарна организација го одбележа светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина. ОО со поддршка на хуманите луѓе и компании секојдневно помага со голем број волонтери на сограѓаните кои се во социјален ризик. Луѓето најмногу бараат помош од прехранбени артикли и за лекување.
Педесет годишен охриѓанец заработи кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(53) од Охрид.
Продолжуваат успесите на стрелците од СК-Охрид
Викендов на стрелиштето во гимназијата во Сандански се одржа седмиот по ред меѓународен Турнир во гаѓање со воздушнооружје-меѓународна програма, на кој учество зедоа стрелци од повеќе клубови од Македонија и Бугарија.
СВР Охрид го одбележа 7ми мај
СВР Охрид го одбележа 7ми мај, Денот на безбедноста и македонската полиција. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот Константин Георгиески кој го истакна значењето на полицијата за безбедноста на државата и градот. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски рече дека СВР Охрид, како и целата македонска полиција денес преземаат ефикасни и ефективни демократски мерки во градењето на безбедоносната состојба.
Денес се празнува Св. Василиј Вeлики
На 1 јануари според стариот (односно 14 јануари според новиот) календар христијанските верници празнуваат три празници: Обрезание Господово, Свети Василиј Велики и Православна Нова Година.
Охридските занаетчии, дел од раководството на Занаетчиската комора на Република Северна Македонија
Претседателот на Охридската занаетчиска комора Сашо Богоески, е избран за нов потпретседател на Занаетчиската комора на Република Северна Македонија, додека потпретесдателот на охридските занаетчии Александар Крстеве избран за претседател на собрание на републичката комора. Богоевски вели дека речиси една деценија многу малку се постигнало во подобрување на условите за работа на занаетчиите во целава наша држава, нешто што мора да се смени.