Охрид и понатаму се бори со снегот по улиците
Градот Охрид во овие неколку дена е блокиран од снежните врнежи и градските и државните власти немаат соодветен одговор на барањата од граѓаните.
Трет роденден на продавницата на „Бако“ во Охрид
Квалитет без конкуренција во производство, преработка и продажба на зрнести и прашкасти производи. Продавницата на брендот „Бако“ во Охрид денес го прослави третиот роденден.
Локалните власти со големи ветувања во однос на уличната инфраструктура
Дозавршување на колекторскиот систем, обновување на уличното осветлување, поплочување тротоари- се само дел од нив.
Игри без граници
Добро е да се потсетиме на игрите без граници. Челновите на македонските здруженија за глуви и наглуви лица го одбележаа меѓународниот ден на глувите лица. Тие преку дружба, игра, разни водени лудории се натпреваруваа, и уште еднаш упатија апел дека постојат и се видливи во нашето општество.
Прв пат со закон се санкционира нечистењето снег
Годинава не очекува спроведување на низа нови законски прописи. Меѓу нив е задолжителното чистење на снег.
Конечно ќе се доизгради северната трансверзала
Улицата Железничка која веќе три години чека на доизградба, конечно ќе го добие својот лик. Владата реши од буџетот да издвои 5 милиони евра за таа намена. Штом завршат тендерските процедури започнуваат работите на терен.
УСПЕШЕН НАСТАП НА АМАТЕРСКАТА ТЕАТАРСКА ГРУПА ОД ОХРИДСКИОТ ЦРВЕН КРСТ ВО ТРЕБИЊЕ
Делегација на Црвен крст Охрид составена од членови на Театарската група на волонтери при Црвен крст Охрид моментално е во четиридневна посета на Црвениот крст од Требиње.
Нова година, со детонации
Високите парични казни со кои се закануваа од МВР не ги спречи силните експлозии од употреба на пиротехнички материјали. Новогодишните празници голем број граѓани ги минаа растревожени и револтирани, коментирајќи дека надлежните покажуваат моќ само на збор, но не и на терен.