Skip to main content
Мај 2, 2019

Шахистите од ШК „ЛАСКЕР“ од Охрид на Државните првенства во шах за млади 2019г што се одржаа од 26 април до 01 мај 2019 година во хотел „Дрим”-Струга, во организација на Шаховската федерација на Македонија, постигнаа соилден успех.


Мај 2, 2019

Во рамките на програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), Црвен крст Охрид организира марш на еднаквоста „Мозаик“ под мотото „Секое камче е скапоцено“.


Мај 2, 2019

Годинава по шести пат во регионот ќе се одбележи Денот на реката Дрим. Овој проект ги опфаќа реката Сатеска, Глобочичко Езеро и Дебарско Езеро, кои сите заедно се дел од Дримскиот басен.


Мај 1, 2019

Кандидатот за Градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски денеска на прес конференција во населбата Радојца Новичиќ презентира делови од изборната програма кои се однесуваат на инфраструктурата и водоводната мрежа во приградските населби.


Мај 1, 2019

Под мотото Нашиот глас -гласот на работниците “ Не може да се одлучува за нас, без нас” синдикалците испорачаа 19 барања до Владата. Работничките права во одредени дејности во приватниот сектор и понатака не се почитуваат.


Мај 1, 2019

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), среда, први мај 2019 година, Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани.


Мај 1, 2019

Во наредниве три месеци  ќе започне реализацијата на еден огромен проект кој се однесува на промена на  сите пумпи за водоснабдување кои се поставени во пумпните станици, „Метропол“, „Трпејца“ и „Љубаништа“, а  ќе се менува и електриката.


Окт 5, 2021

Фејсбук ја обвини „погрешната промена на конфигурацијата“ за речиси шестчасовна блокада што спречи 3,5 милијарди од нивните корисници да пристапат до социјалните медиуми и услугите за пораки, како што се Facebook, Instagram, Whatsapp. Компанијата не наведе на блогот кој ја направил промената на конфигурацијата и дали била планирана.