Skip to main content
Дек 11, 2018

Охрид доби  етнолошка поставка преку која посетителите ќе имаат можност да се запознаат со минатото на градот. Во Музејот Куќата на Робевци се изложени облека, накит, покуќнина и предмети од 19 век. Покрај етнолошката поставка изложени се и археолошки предмети од најновите истражувања на Плаошник, Самоилова тврдина и Горна Порта.


Дек 11, 2018

Од 200 пријавени кандидати од целиот свет  Фондот за природа Преспа – Охрид или ПОНТ беше избран како победник на наградата Pathfinder за 2018 година која се доделува за извонредни и инвентивни решенија за заштитените подрачја кои се развиени и спроведени од поединци, организации или групи.


Сеп 23, 2021

На 22.09.2021 година во СВР Охрид, пријавено е дека при рушење на стар објект во селото Песочан, општина Дебрца, пронајдени се експлозивни направи.


Дек 11, 2018

Министерството за транспорт и врски треба да го преземе првиот чекор за реконструкција на оштетувањата на градското пристаниште во Охрид.


Дек 11, 2018

Во врска со вториот повик за аплицирање со проектни предлози во рамките на ИПА- програмата за прекугранична соработка меѓу  Република Македонија и Република Албанија за периодот  2014-2020 година, денеска се одржа третата инфо- сесија.


Дек 10, 2018

Министерот за локална самоуправа, Директорот на Бирото за рамномерен регионален развој, ценатрот за југопзедн плански региони и градоначалниците од Охрид и Дебрца  ги посетија завршените објекти финансирани од средства за регионален рамномерен развој. Во југозападниот плански регион до ноември завршени сите проекти. Се подоготвуваат нови проекти за следната година за кои владата издвои 50 посто средства повеќе од претходната година.


Дек 10, 2018

За да се одржува популацијата на плашицата неопходно е да се даде каналот Студенчишта под концесија. Неодамна се случи еден поголем помор на плашицата, а стручњаците велат дека една од причините за тоа е што оваа риба е многу размножена, а не се изловува во доволни количини.


Дек 10, 2018

Пешаците најчести жртви во сообраќајните незгоди. Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот заедно со СВР Охрид денес спроведе превентивна акција во која ги едуцираше пешаците, но и возачите, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.