Skip to main content
Дек 31, 2024
Денеска завршува програмата „Охридска новогодишна приказна“ организирана од Општина Охрид. Најмладите дечиња уживаа во детски претстави, новогодишни базари и музички настани организирани на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.

Дек 31, 2024
општина охрид
Градоначалникот Кирил Пецаков вчера ги прими петмината карате репрезентативци, Анастасија Смилевска, Дамјан Митревски, Козма Митревски, Тамара Ѓурчиноска и Сара Цикуш од КБС ,,КУНСУТО”-Охрид кои го освојуваат врвот на националните првенства и обезбедуваат учество во  големите меѓународни карате сцени.

Дек 31, 2024
Во Охрид температурите од -1 до 10 степени Целзиусови.

Дек 30, 2024
40-тина дечиња денеска за прв пат уживаа во пловидба со брод по Охридското езеро. Се забавуваа на бродот Армада, научија нешто повеќе за градот и за радоста да биде целосна добија и новогодишни пакетчиња од Дедо Мраз. Предновогодишна едукативно-забавна прошетка ја реализира Црвен Крст Охрид во соработка со Општина Охрид, а со поддршка на Елена Лотеска Наумоска, сопственик на Армада и Проф. Климент Наумов како туристички водич.

Дек 30, 2024
Деновиве во Велгошти се одвиваат активност за асфалтирање на пристапни патеки и краци од улици.

Дек 30, 2024
Денес на охридскиот плоштад ќе биде изведена претставата „Дедо Мраз, те сакам јас“, а вечер ќе се одржи Новогодишен концерт на учениците од ОМУ „Методи Патчев“.

Дек 30, 2024
Црвен крст Охрид ќе реализира предновогодишна едукативно-забавна прошетка со брод за преку 30 дечиња кои до сега немале можност да се возат со брод по Охридското Eзеро.

Дек 30, 2024
општина дебрца
Основната цел на буџетот е да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на повеќе проекти.