Монтирани нови висечки кошеви во спортската сала Билјанини извори
Оргиналните кошеви стари 2 децении ќе бидат сервисирани и повторно поставени за натпревари од повисок ранг. Од СРЦ Билјанини извори задоволни од искористеноста на нивните терени за зимски подготовки на домашните и странските фудбалски екипи
13-112 е новиот скратен број за СОС повици кон Планинската Спасителна Служба
Воспоставувањето на посебниот скратен број за СОС повици во случај на планински несреќи, е дел од проектот „Регионот Охридско Езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам“, финансиран од Европската унија, преку ИПА програмата за прекугранична соработка, кој го спроведува Црвен крст Охрид.
На нашите депонии се согоруваат и до 80 проценти од создадениот отпад
Отпадот од домаќинствата во развиените земји е секундарна суровина, а кај нас завршува на депониите. Законот за управување со отпад предвидува селектирање на сите видови отпад, но поголемиот дел од граѓаните тоа не го применуваат во пракса.
Зегин освои престижна награда „Costumer Friend – Superior Excellence“ од Mеѓународната асоцијација за сертификација, ICERTIAS
Ланецот на аптеки Зегин кои опслужуваат во Македонија и Србија се закити со престижната награда „Costumer Friend – Superior Excellence“ од Mеѓународната асоцијација за сертификација, International Certification Association (ICERTIAS), со седиште во Цирих.
Голем број активности на охридската градска библиотека
Утре во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид во организација на Почесниот конзулат на Руската федерација во Охрид ќе се одржи средба со ученци од Основното училиште „Христо Узунов“ со што ќе се одбележи 182 годишнината од смртта и 220 годишнината од раѓањето на големиот руски писател и поет Александар С. Пушкин.
Се загрева атмосферата околу престојните вонредни локални избори
Се загрева атмосферата околу престојните вонредни локални избори. Владејачката СДСМ веќе испратила до централата во Скопје имиња на четири свои кандидати за градоначалник. За разлика од СДСМ, во општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ сеуште нема некои конкретни активности околу престојните избори.
Ќе се санираат потпорните ѕидови во стариот дел на градот
На патот кој води према Горна порта секојдневно има одрони од камења. Возачите реагираат бидејќи е загрозена нивната безбедност. Од Локалната велат дека со програмата имаат предвидено доизградба на потпорниот ѕид и санација на останатите кои се оштетени.
Повторно гореше трска на крајбрежјето на потегот Струга- Калишта
Евидентирано е ново опожарување на трската за само десетина дена, а надлежните молчат. Еколозите бараат од институциите кривична одговорност за сторителите кои ја уништуваат трската за подигање плажи и други комерцијални објекти.