Skip to main content
Јул 11, 2019

Националната установа Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид во соработка со Националната установа „Охридско лето“ ја реконструира сцената на Античкиот театар. Градежните зафати ги извршија екипи на јавното локално претпријатие „Градски гробишта “ и технички лица вработени во Завод и Музеј – Охрид, кои неуморно работеаизминатиов период. 


Јул 10, 2019

Спасители од службата за спасување на планина, припадници на единица за специјални задачи и хеликоптер на МВР учествуваа во акцијата за извлекување на двајцата украински параглајдеристи кои вчера попладне паднаа на падините на Галичица од албанска страна. 


Јул 10, 2019

Станува збор за објект кој во себе има простор соодветен за планирање и координирање на оперативните дејствија и е еден и единствен од ваков вид во земјава.


Јул 10, 2019

Во пракса има се повеќе бизнис релации меѓу македонските и албанските прeтприемачи во скоро сите области. Очекувањата се подбар  економски  бенефит од ваквите  соработки.  


Окт 8, 2021

Процесот на креирање на Младинска стратегија на општина Охрид се одвива согласно предвидената динамика и планираните активности. По успешната работилница која се одржа во општината на која учествуваа: млади луѓе, релевантни институции, организации како и претставници на бизнис секторот, дефинирани се клучните аспекти кои оваа стратегија треба да ги опфати.


Јул 9, 2019

Иницијативата да се создаде мини базар на некогашниот паркинг во близина на Чинарот, создаде проблем. Десеттина семејства кои имаат куќи на овој потег и кои своите автомобили ги паркирале таму, сега немаат каде да ги остават.  Директорката на  јавното претпријатие„Билјанини извори, Гордана Јованоска  им понуди можност автомобилите да ги паркираат на дел од улицата „Даме Груев“, но за  нив тоа е неприфатливо.


Јул 9, 2019

Во сред сезона охридските плажи нерегулирани. Постапката за издавање под концесија на петте најатрактивни плажи на крајбрежјето и една година по наддавањето, без епилог. Од општината летово очигледно на сето ова ќе прогледа низ прсти. Ништо ни од најавата на Министерството за транспорт и врски дека државата ќе си ги врати ингеренциите врз плажите на охридско-струшкото крајбрежје.


Јул 9, 2019

За враќање на старото корито на Сатеска и изработен проект за финасирање од УНДП. Според градоначалникот најтешко решлив проблем од сите препораки на Унеско е депонијата на Буково.