Skip to main content
Јул 3, 2019

Општина Охрид упатува апел до сопствениците на стари и хаварисани моторни возила, кои се поставени на сообраќајниците, паркинзите, тротоарите и другите јавни површини, истите да ги отстранат во рок од три дена.


Јул 3, 2019

Од РЕ Водовод Охрид информираат дека поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес, од 08:30 часот има прекин во водоснабдувањето на улицата „Јордан Мијалков“, а исто така има намален притисок во населбата Бејбунар, селата Лескоец, Велгошти, Лакочереј и во населбата Црногорци.


Јул 3, 2019

По „Долни сарај“, ова лето на плажата „Cuba Libre“, во четврток, на 18-ти јули 2019 година, со почеток по 21:00 часот ноќ посветена на еден од најголемите и највлијателните рок бендови воопшто во музичката историја, легендарните Pink Floyd.


Јул 2, 2019

На паркингот кај Ваикики наместо автомобили ќе има тезги. Од ЈП „Градски пазар“, кое стопанисува со просторот велат дека ќе праватмини базар, па сите продавачи на храна и сувенири кои сега се распрскани низ чаршијата ќе бидат стационирани таму.


Јул 2, 2019

Технички проблеми со поставување на системот за видео надзор кај Горна Порта и црквата Каменско за влез во стариот дел од градот го пролонгирале првично планираниот термин за примена на целосниот летен сообраќаен режим кој треба да го намали сообраќајниот хаос во екот на туристичката сезона. Во моментов со измени се одвива сообраќајот само во централното градско подрачје.


Мар 1, 2022

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.С.(51) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста по пат на информациски систем”.


Јул 2, 2019

Продолжува криволовот на Охридска пастрмка. Засилените полициски контроли вродија со плод.


Окт 7, 2021

По најавите за енормно поскапување на основните прехранбени производи бараат цените да бидат ограничени. Од министерството за економија смируваат дека веднаш ќе се интервенира долку има некаков ценовен шок.