Skip to main content
Јул 2, 2019

Председателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска , денеска имаше протоколарна средба со Кристијан Тимоние, амбасадор на Република Франција во Република Македонија. На средбата се разговараше за досегашната и можноста за продлабочување на идната соработка.


Јул 2, 2019

На летната сцена „Долни Сарај“ , синоќа свечено беше отворена манифестацијата  „Денови за претставување на Бугарската култура, фолклор и традиција“. На фестивалот на кој присуствуваше и Ангел Ангелов, амбасадор на Република Бугарија во Република Северна Македонија,  во името на градот домаќин се обрати претседателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска.


Јул 1, 2019

Фабрика за рециклирање на отпад на Мауцкер по се изгледа ќе се гради.  Моментално се прават калкулации дали ќе се прави со пари од општината или од приватни компании. Со изградбата на фабриката за рециклирање отпад ќе се намалат загубите на ЈП „Охридски Комуналец“, а и ќе добиеме една локација каде правилно ќе се третира отпадот.


Јул 1, 2019

60 деца од партнерските училишта на Гете Институт во Македонија, Косово и Албанија учествуваа на јазичен камп во Охрид чиј домаќин беше ОУ Григор Прличев. Со подготовка на претставата  „ Авантурите на Момо во Охрид“ тиа покрај изучувањето на Германскиот јазик учеа и за различните култури на трите земји.


Јул 1, 2019

Многумина слушнале но , не знаат како да постапат  за да се вклучат во системто на УЈП, додека други не веруваат дека ќе им се враќаат пари. Од УЈП  ветуваат помош на граѓаните. Поставени се во организационите единици киоск-апарати, бар-код читачи и паметни телефони преку кои ќе се скенираат фискалните сметки на граѓаните. 


Јул 1, 2019

Од денеска стапува на сила Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност со кој граѓаните ќе имаат право да вратат 15 отсто од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки.


Јул 1, 2019

Викендов се одржа IV-та Поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ во манастирскиот комплекс „Св. Спас“ во Горно Лакочереј со почеток во 13 часот.


Окт 7, 2021

За Охрид гарантираме инвестирање и создавање услови за спортување на сите генерации, порача носителот на листа од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Сашо Донев. Тој најави изградба и реконструкција, опремување на спортските сали, фудбалски и тениски игралишта, организирање и субвенционирање голем број спортски настани и поддршка на спортските таленти.