На булевар „Туристичка“ се случи сообраќајна несреќа, повредено едно лице
Попладнево на булевар „Туристичка“ се случи сообраќајна несреќа. Повредено едно лице, возач на мотоцикл.
Ќе се гради канализациона мрежа кај Болнички коплекс
Општина Охрид доби дел од средствата кои Владата одлучи да ги додели за изградба на водоснабдителни и канализациски системи. Од Локалната велат- малку се, но добредојдени се.
Пензионерите можат да отворат трансакциони сметки
Во врска со вчерашниот прилог за реакцијата на пензионерите и измените на Законот за платен промет и примањето на пензиите преку трансакциона сметка, ТвМ ја посети „Прокредит банка“ како една од банките во кои пензионерите можат да отворат трансакциони сметки.
39 стипендии на мaтеријално загрозени студенти
Општина Охрид додели 39 стипендии на метеријално загрозени студенти. Стипендијата е во висина од 2000 ден, а ќе ја примаат девет месеци.
Нови пронајдоци кај Горна Порта
Во рамки на годишната програма на министерството за култура, во тек се систематски археолошки истражувања на локалитетот Горна Порта.
Охрид-универзитетски центар
Градоначалникот Алескандар Петрески бара во Охрид да се отвори медицински , правен, еконономски, факултет за менаџмент и за технички науки.
Во тек проектот за спас на една од најстарите езерски цркви
Во тек е реализацијата на проектот за конзервација и реставрација на кровот и поставување на транзени на црквата Св. Богородица Захумска во месноста Заум, на брегот од Охридското Езеро.
Охрид домаќин на меѓународна бискупска конференција
На пленарна седница бискупите од регинов разговараа на тема „Католичкото семејство на просторите во дијаспората“.