Skip to main content
Апр 4, 2019

Граѓаните се пожалија на тоа што улиците „Прва македонска ударна бригада“, „Ристо Чадо“, „Андреј Јовановски“, „Марко Нестороски“ и „Марко Цепенков“ треба да се асфалтираат. Постарите жители побараа клупи и катчиња за одмор.


Апр 4, 2019

Денес екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведоа акција за чистење на расфрлан комунален отпад покрај коловозот од магистралниот пат Охрид-Битола, на потегот од с.Косел до месноста Прентов Мост.


Апр 4, 2019

Деновиве во просториите на Јавната установа Национален парк Галичица, беше организиран работен состанок меѓу Раководителот на
секторот за соработка на Делегацијата на Европската унија во Македонија,Никола Бертолини, преставници од УНДП и раководството на Јавната установа Национален парк Галичица.


Апр 4, 2019

По повод 2 Април Светскиот ден на литературата за деца,  втора година по ред студентите од Факултетот за странски јазици при ФОН и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид заедно ја спроведуваат акцијата „Подари – размени книга“.


Апр 3, 2019

По повод смртта на истакнатиот научен истражувач, историчарот на уметност и археолог Гоце Ангеличин Жура, во куќата на Христо Узунов денеска се одржа комеморација, на која присуствуваа членови на неговото семeјството, колеги, пријатели и почитувачи.


Окт 1, 2021

Забрзување на постапката за отворање на регионална депонија за отпадот и затворање на депонијата Буково се приоритет на кандидатите за советници и кандидатот за градоначалник од редовите на Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ. Ова денеска го потенцира кандидатот за советник Ванчо Костоски. На прес конференцијата тој говореше за мерките и проектите за управувањето со отпадот во Општина Охрид и заштита на животната средина.


Апр 3, 2019

Продажбата на полиси во осигурителните компании оди во нагорна линија. Расте интересот кај  охриѓани за рaзни видови неживотно осигурување. Граѓаните и компаниите стануваат свесни дека осигурувањето треба да е составен дел од животот. На охридскиот пазар со осигурувања  Компанијата Сава осигурување АД Скопје  сега поблиску до граѓаните на нова локација на Булевар Туристичка.


Апр 3, 2019

„Како прво, ја поздравувам оваа одлука, сѐ што може да се реши со договор го поздравувам, но за нештата да станат појасни морам да направам краток осврт на излагањето на в.д. градоначалникот“, кажа денес на прес конференција кандидатот за градоначалник од редовите на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, Михаил Трендафилов Нанче.