Македонија, Србија, Австрија и Унгарија со заеднички мерки против мигрантите
Македонија, Србија, Австрија и Унгарија со заеднички мерки против мигрантите. Денес во Охрид беше потпишан Меморандум за разбирање и за спроведување на потребните мерки за справување со огромниот прилив на бегалци. За овој глобален проблем потребно е Европско решение, и делување што поскоро, беше генералниот заклучок на министрите за внатрешни работи од Мкаеонија, Србија и Австрија како и унгарскиот заменик државен секретар.
Интензивно се работи на изградба на регионалниот колекторскиот систем кој треба да поврзе неколку села во Дебрца
Колекторскиот систем е со должина од над осум километри, а инвестицијата чини повеќе од 250 илјади евра.
Врските на Охрид со збратимените градови
Градовите пријатели на Охрид, со кои општината има потпишано договор за збратимување и одржува врски, се од голема важност за промоција на градот. Нашиот град соработува со 30 сетина градови од Европа и светот а од неодамна работи на меѓународни проекти од заеднички интерес со Веспрем, Велеград и Модра – Злински крај и Исео Италија.
„Охридски Комуналец“ започнува со акцијата за подигање кабаст отпад
Согласно испланираниот работен календар за 2015 год., Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид во месеците септември и октомври ќе ги реализира акциите од есенскиот циклус за подигнување кабаст отпад на територијата на општина Охрид.
Министерски состанок за мигрантите во Охрид
Неопходните чекори што треба да бидат преземени за задржување на вонредниот притисок на мешаната миграција е целта на меморандумот за разбирање што ќе го потпишат министрите за внатрешни работи на Македонија, Австрија и на Србија.
На плажите без спасители да има табли со предупредување
Охрид е туристичко место и има потреба од ваква служба која спасува човечки животи. На капалиштата на кои ќе нема спасители потребно е да се постават предупредувачки табли дека не се безбедни и посетителите ги користат на сопствен ризик.
Нема веќе деветтолетка во Велмеј-револтирани родители се жалат дека децата им биле префрлени во несоодветни услови во училиштето во Лешани
Според нив, тие за префрлањето на нивните деца во Лешани дознале на само ден пред почетокот на учебната година. Директорот на основното училиште „Дебрца“ вели дека одлуката за префрлање е од минатата година.
Несоодветно чуваните пијалоци кои се во ПЕТ амбалажа, темпирана бомба
Граѓани реагираат дека во маркетот Рамстор несоодветно се чуваат вода и пијалоци во пластична амбалажа на температура над 30 степени, изложени на сонце и светлина. Стручњаците велат дека никако не смее да се случуваат вакви пропусти кои можат сериозно да го загрозат здравјето на купувачите. Од дирекцијата на синџирот маркети Рамстор пак тврдат дека воопшто не се случувало подолг временски период вода и други пијалоци да се чуваат на сонце.