Skip to main content
Мар 3, 2022

При извршен преглед врз Г.Л.(38) од Охрид, полициски службеници пронајдоа производи што тој претходно ги одзел од продажен објект во Охрид.


Јан 9, 2019

По интензивните врнежи на снег сите патни правци кон и од Охрид се проодни. Екипите на ЈП Охридски комуналец постојано ги чистат улиците и тротоарите низ градот според категоризацијата. Апелираат граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота и да се вклучат во расчистување на снегот секој пред својот објект.


Сеп 25, 2021

Времето денеска во Охрид сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.


Јан 9, 2019

Формирана е посебна комисија која ја чешла документацијата за исплатите а покрената е и дисциплинска постапка против службеник во општината.


Јан 9, 2019

Концертот на српските солисти Александра Петровиќ и Стеван Каранац кои на 12 јануари ќе настапат во рамките на фестивалот „Охридско лето“  заедно со Српскиот камерен оркестар, заради ниските зимски температури, наместо во црквата „Света Софија“ ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 19 часот, информираат од фестивалската дирекција.


Јан 9, 2019

Студениот бран и екстремните ниски температури кои изминативе неколку денови го имаа зафатено и Охрид, засега не предизвикале поголеми дефекти во водоводната мрежа кај домаќинствата, велат од Р.Е. Водовод.


Јан 9, 2019

Следејќи ја временската прогноза и најавените снежни врнежи, во текот на вчерашниот ден се одржа координативен состанок на оперативните служби на Ј.П.„Охридски Комуналец“. 


Јан 9, 2019

Вршителот на должност, градоначалник Константин Георгиевски , утрово одржа работен состанок со членовите на Оперативниот штаб, директорите на јавните претпријатија и претставници од Територијалната противпожарна единица  со цел  преземање на активности и мерки за непречено движење на пешаците и одвивање на сообраќајот на територијата на Опптина Охрид, во услови на снег.