Skip to main content
Мар 21, 2019

Даунов синдром – Трисомија 21 е хромозомско нарушување предизвикано од екстра генетички материјал во 21 хромозом. Откриен е во 1866 година од лекарот Џон Ленгдон Даун.


Мар 21, 2019

Проектот  „ПРВИН ЌЕ МЕ ЗЕМЕШ ПОСЛЕ ЌЕ МЕ … “ во режија на Ѓорѓи Ризески е независен проект, во продукција на  „ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА“ – Скопје  и истиот веќе трета сезона се изведува пред преполни салони на сцената на „ТЕАТАР КОМЕДИЈА“. Претставата досега има над 50 изведби, во Тетар Комедија и низ градовите во републиката.


Мар 21, 2019

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ започнаа широко-опфатна акција за чистење на расфрлан комунален отпад на потегот од Хидробиолошки Завод до Свети Наум.


Мар 21, 2019

Кон крајот на минатата година автобуската постојка која се наоѓаше кај зградата Печијаре беше дислоцирана десетици метри подолу на Булевар Туристичка, но покривната конструкција под која граѓаните се засолнуваа од дожд и сонце остана на старата локација.


Мар 21, 2019

Детското игралиште во УЗ „Гоце Делчев“, кое во континуитет откако е изградено и пуштено во употреба е на мета на вандалите, повторно се санира од екипата на ЈП „Градски пазар“.


Мар 20, 2019

И покрај донесените решенија од надлежни инспекциски органи за стопирање на градежните активности и изречената судска забрана, на Али пашината џамија континуирано се гради. Додека се чека Државниот градежен инспекторат да постапи и конечно да ги стопира нелегалните градежни активности за кои се води постапка и во основното јавно обвинителство, во охридската јавност се разгоруваат страстите. Чувствителниот проблем со реконструкцијата на џамијата ги допира  охриѓани и државата во целост но неговото значење е поголемо со оглед на фактот дека Охрид е под заштита на УНЕСКО.


Фев 17, 2022

И оваа среда од НУ Библиотека Охрид ви препорачуваат за читање уште шест нови наслови од домашната и светска издавачка продукција.


Мар 20, 2019

Државниот градежен инспекторат да постави жолта лента околу Али пашината џамија со што ќе се забрани пристап до објектот како и 24 часовен мониторинг од полицијата со цел да се спречи нелегално градење на објектот. Ова се барањата од  Совест кои денеска ги упатија до премиерот на средбата во Скопје. Премиерот ветил дека ќе побара мораториум на  сите градежни активности на Али Пашината џамија во наредните два месеци за да може без зовриени страсти да се разгледа целата документација, целиот проект и да се постапи согласно закон.